Вага и јарец – пријателска комбинација

Вагата и јарецот се многу различни типови луѓе, кои имаат малку заеднички работи. Една од ретките заеднички карактеристики им е лидерската способност, така што многу е можно да избие борба за моќ помеѓу овие пријатели. Двата знака се добри лидери, но во различни области. Така, јарецот е авторитет во управување со работата, а вагата е добра во развивањето нови идеи и концепти за работа. Така, ако вие двајца планирате да одите заедно на пикник, јарецот е вистинскиот човек за организирање на храната и пијалаците, а вагата треба да се погрижи за избор на локацијата, датумот и часот на заминување.

Вага и јарец – пријателска комбинација

Јарецот сака да се справува со фактите, а вагата преферира да си игра со различни концепти и идеи. Јарецот е цврст и непроменлив како карпа, а вагата се менува како што се менуваат временските прилики. Јарецот е реалист, а вагата е идеалист. Песимизмот на јарецот може да направи вагата да посака да врисне на цел глас, а јарецот може да почне да крцка со забите, како резултат на нервозата која му ја предизвикува нерешителноста на вагата.

Доколку овие пријатели успеат да ги надминат нивните разлики, можат да постигнат импресивни заеднички успеси со комбинирање на нивните лидерски таленти. Тие можат да започнат заеднички бизнис за трговија со недвижен имот, да отворат уметничка галерија, заеднички ресторан или книжарница. Можностите за успех на овие две креативни ума се неограничени. Вашето пријателство ќе биде најцврсто кога заеднички ќе создавате и градите нешто, на цврсти темели.

Вагата и јарецот уживаат во прошетки и планинарење низ прекрасна природа, со убави пејзажи. Дебатирање на политички теми, може исто така да биде стимулирачка разонода за вас двајца, како и одењето на шопинг по скап накит.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. monika Reply

    ne e vistina

  2. мире Reply

    Џабе читате.

  3. ubavka Reply

    da da vistina e se so e napisano :))))))))

Остави коментар