Вага и јарец – љубовна комбинација

Кога вагата и јарецот се во љубовна врска, можат да бидат добар пар, доколку успеат да си ги откријат сличностите кои ретко ги имаат. На површината, овие два знака не можат да бидат поразлични: додека јарецот е тивок и скромен, вагата има тенденција да биде социјална пеперутка, воодушевувајќи се кога е во друштво на други луѓе.Вага и јарец – љубовна комбинацијаЈарецот е насочен кон тешката работа како начин за постигнување успешна кариера, унапредување и стекнување признанија од другите. Вагата се оптоварува со убавината, уметноста и балансот во животот и врските.

Сепак, не може да се рече дека не постои заедничка точка за овие два знака. Ако делат заедничка љубов и почит, тие можат да работат на врската за да функционираат како двојка.

Кога овие два знака работат на заеднички проект или проблематика, најдобро е однапред да биде одредена улогата на секој од нив, бидејќи и двајцата сакаат да бидат главни. Дури и ако се дефинираат нивните очекувања, нивните пристапи повторно ќе се разликуваат: вагата размислува зрело и разумно, но јарецот е научен да ги постигнува работите на потешкиот начин и за него тоа е во ред, ако води до успех.

Штом партнерите меѓусебно си ги разберат животните стилови, „нивната метода“ ќе им помогне да постигнуваат работи кои не би можеле да ги постигнат сами.

Вагата е раководена од планетата на љубовта – Венера, а јарецот е воден од Сатурн кој е ладен, цврст и снажен. Овие две планети немаат многу заедничко и затоа многу е важно вагата и јарецот да работат на нивните разлики. Венера ја охрабрува вагата да го забави темпото за да ужива во убавината и романсата која животот ја нуди, што јарецот може да го сфати како мрза, чие влијание од Сатурн му ја дава таа непопустлива решителност, која го тера да преминува преку сите препреки за да на крајот ја постигне целта која самиот си ја поставил.

На овие две планети можат да им се вкрстуваат целите, што може да резултира со непријателство, кавги и потиснати емоции, доколку вагата и јарецот не дадат еднаков напор за да се разберат меѓусебно и да го прифатат фокусот на животот на другиот. Јарецот мора да се труди да не ја обесхрабрува вагата во однос на нејзиниот природен ентузијазам и оптимизам, а таа пак, мора да ја искористи дипломатичноста за да го одржува балансот со јарецот.

Вагата се потпира на нејзиниот интелект во животот, нејзината сензибилност е ускладена со естетиката, тема на која вагата секогаш има многу мислења. Јарецот исто така се потпира на моќта на умот, но на поинаков начин, тој бараат прагматичен начини за сѐ што прави и може да нема време да ѝ посвети на естетиката.

Ако овие два знака научат да работат како тим, тие можат да ги формираат двете страни на металната паричка. Двата знака се иницијатори, но имаат многу променлива работна етика, така што подобро е кога секој од нив работи од конкретна позиција. Кога станува збор за конфликти, вагата прва се повлекува, што ќе го смири јарецот кој сака да биде во право. Важно е двата партнери да сфатат дека компромисот е клучот за нивниот успех.

Кој е најдобриот аспект од врската помеѓу вагата и јарецот? – И двата знака внесуваат посебни квалитети во врската. Кога меѓусебно ќе си дозволат секој да биде она што е, а не да си стојат на патот, можат добро да се измешаат и да формираат целина. Нивната врска е предизвик, но тие можат да научат многу еден од друг, ако сакаат да се потрудат.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    mojata vaga e mnogu postashna od ovaa shto e opishana. :))))

  2. verchence Reply

    bas se sovpagjam so mojot jerec 😀

  3. macencef Reply

    Bas mi e fino so mojot jarec :) odlicno se nadopolnuvame

  4. Ana Reply

    Браво!! се е точноо се пронајдов во јарец мн убаво напишано :)))

Остави коментар