Вага и девица – љубовна комбинација

Кога вага и девица стапуваат во љубовна врска, тоа доаѓа како спојување на две парчиња од сложувалка. Двете парчиња перфектно се совпаѓаат и комотно си го наоѓаат своето место. Двата знака се препознатливи по тоа што бараат сигурност во една врска и сакаат да споделуваат љубов, убавина и култура.

Вага и девица – љубовна комбинација

Практичноста и задоволството се многу важни за двата знака, па така тие се надополнуваат еден со друг на многу начини. Девицата многу ги почитува шармот и дипломатскиот карактер на вагата, додека таа знае како да ги „израмни“ работите кога девицата не го добива тоа што го сака. Вагата ги цени љубовта и мирот кои ги нуди девицата, но и материјалните награди кои доаѓаат со нејзе. Исто така, овие два знака се спремни и секогаш целат да ги согледаат и двете страни на случувањето, па така тие заедно можат да донесат одлука само после согледувањето на сите факти. Доколку вагата е иницијаторот во врската, тогаш девицата е онаа која знае да ги води започнатите работи до крај.

Вагата и девицата ценат површни задоволства и често сакаат да собираат кинески и коскени предмети, уметнички дела и фотографии. Исто така уживаат да посетуваат театарски претстави, но и какви било други настани од уметнички карактер.

Планетата Меркур ја предводи девицата, додека вагата е под влијание на Венера. Бидејќи девицата е одличен комуникатор, аналитичар и мислител, овие партнери уживаат во долги и искрени разговори. Заедно, тие носат радости и убавина на светот околу нив. Вагата сака да теоретизира за многу различни работи, додека девицата е повеќе прагматична. Девицата секогаш се запрашува „Како ова ќе ми помогне да си ги постигнам моите животни цели?“, додека вагата се фокусира на она што нејзе ѝ се случува, без разлика колку е важно тоа.

Оваа врска на почетокот може да биде малку полабаво поставена, додека двајцата партнери не научат да се почитуваат повеќе. Понекогаш се случува да настанат и некои недоразбирања. Конфликтите најчесто започнуваат кога девицата станува премногу критична и кога вагата ја започнува својата игра на манипулација. Во таквите ситуации и двата партнери треба да сфатат дека нивните гледишта кон светот се различни и треба малку да ги „оладат“ работите.

Во оваа врска, вагата на некој начин „ги држи конците“. Девицата знае да биде безгрижна и задоволна, па така вагата без да ја премине границата умее да се наметне како доминантна. Понекогаш неодлучноста на вагата може да ја иритира девицата, но вагата многу лукаво знае да ги согледа сите страни на проблемот и лесно да се сложи со нејзините одлуки и гледишта.

Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е сличниот вкус и заедничките интереси на вагата и девицата, кои создаваат баланс и хармонија во врската.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. буби Reply

    зашто нема девица и близнаци?

Остави коментар