Вага и близнаци – пријателска комбинација

Ова пријателство е базирано на забава. На вагата, присуството на близнакот ù годи, исто колку пиењето убаво шампањско од елегантна висока чаша. Таа се воодушевува на веселоста и разиграноста на близнакот. После неколку минути од запознавањето, тие веднаш стануваат одлични пријатели, кои почнуваат одма да се шегуваат и да се смеат громогласно на некоја будалеста работа која се случила пред малку. Близнакот го обожува ведрото смеење на вагата, а таа ужива во хумористичните досетки на близнакот.Вага и близнаци – пријателска комбинацијаПосле кратка дружба, овие двајца пријатели веќе кројат планови за одење на некој голем музички фестивал во друг град или земја и дискутираат кој ќе вози, каде ќе се сместат и што ќе јадат додека се таму. Но, додека да се договорат може да пројде доста време, бидејќи мобилниот телефон на дружељубивиот и комуникативен близнак, може да заѕвони 100 пати, а тој не е многу популарен по својата етика на однесување. Во секој случај, добро е што близнакот ќе има што да прави, додека вагата се пакува три часа за патување кое ќе трае само два дена.

Вагата и близнакот се многу информирани луѓе, кои обожуваат да дискутираат за сè и сешто, од политиката која ја води премиерот, до љубовниот живот на Џенифер Анистон. Поради тоа што двајцата се големи брбливци, одлуката за тоа кој филм ќе го гледаат, може да потрае три часа, бидејќи вагата никогаш не може да се одлучи што сака, а на близнаците желбите им се менуваат на секоја петта секунда. Најдобро би било, да затворите очи и да го одберете она дивиди кое прво ќе го допрете, бидејќи вие двајца умеете во сè да пронајдете нешто што ќе ви биде интересно. Од спортските активности најверојатно уживате во играње пинг-понг, гимнастика, лизгање по мраз, картинг, летање змеј, а што се однесува до уметничките нагони, најверојатно обајцата сакате да цртате и скицирате.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. JASMINA Reply

    NAJDOBRA KOMBINACIJA

  2. nata gabi Reply

    ooooo jeeee

  3. nata gabi Reply

    stvarnooo se superrr jeaa

Остави коментар