Уредете го домот според хороскопскиот знак

Дајте му душа на просторот во кој живеете со помош на советите од ѕвездите. Сакате дом полн со ситни спомени кој заличува на музеј или пак минималистичка едноставност и строги линии? Астрологијата може да ви помогне да го разубавите просторот во вашиот дом.

Рибите најмногу сакаат раскошна бања, ракот сака да го украси ѕидот со семејни фотографии, на бикот најважен му е креветот, близнакот мора да има модерни полици за неговиот телевизор, додека вкусот на лавот е луксузен, но некогаш и по малку кичест.

uredete-go-domot-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mk

Овен – функционалност

Во домот на овенот сè мора да биде добро средено и пристапно. Овој знак има смела смисла за дизајн, но нема трпение да се занимава со премногу детали. На неговата огромна енергија најмногу одговараат интензивни и светли бои, па ова е еден совет кој можат да го земат предвид при уредувањето на домот.

Бик – удобност

Каучот и креветот се најважни елементи од мебелот во домот за бикот. Квалитетот е на прво место. Кога бикот купува мебел за дома, сака да избира природни влакна кои создаваат попријатна и опуштена атмосфера. За биковите идеални се земјените бои, кои добро е да ги комбинираат со пролетните, а од материјалите сакаат кадифе и дрвени рамки. Доколку не користат некои стари парчиња мебел кои ги имаат во домот, треба да ги подарат некому наместо да го затрупуваат просторот со непотребни работи.

Близнаци – комуникација

На близнаците комуникацијата им е на прво место, па затоа им е потребен модерен и мултифункционален мебел. Близнакот треба да се погрижи да има квалитетни и естетски ѕидни носачи или фенси полици за телевизорот и компјутерот, додека истовремено мора да си осигура супербрз интернет.

Рак – фамилијарни мотиви

На раковите им се препорачува да украсат еден цел ѕид во дневната или во ходникот со врамени фотографии од своите роднини и семејството, како и со некои други спомени од минатото. Бидејќи тие се сентиментални души, некој ваков предмет ќе им значи многу повеќе отколку некое модерно парче мебел за кое сите зборуваат.

Лав – луксуз

Лавот секогаш ќе си го дозволи најдоброто што може. Овој знак гордо ќе си купува нови, атрактивни парчиња мебел за својот дом, и ќе обрнува внимание сето тоа убаво да изгледа, бидејќи постојано сака да ги воодушевува оние околу него. Заради потребата постојано да купуваат многу нови модерни ствари кои не одат најдобро една со друга, просториите на лавовите можат да бидат и по малку кичести. За нив идеални се топлите бои.

Девица – ред и организација

Девиците се најпознати по своето чувство за ред и дисциплина, што многу добро се гледа по нивните полици во домот. Тие ќе го искористат и најмалиот простор, но никогаш нема да зачуваат нешто што нема своја функција. Со добра организација и истенчен осет за естетика, тие се мајстори за примена на формулата: како со малку да направиш многу.

Вага – декор

Естетиката им е многу важна на вагите, па тие се трудат да го украсат својот простор за живеење со предмети кои го одржуваат нивниот стил. Совет за припадниците на овој знак е да избегнуваат распродажби и купување на половни предмети. Домот на вагата е како уметничка галерија во која се изложени оригинали. Треба да употребуваат светли и провидни бои, како и метални и стаклени површини.

Скорпија – приватност

Домот е најдрагото место за скорпијата, па затоа најдобро е при уредувањето таа да користи мирни и потемни бои. Приватноста му е многу важна на овој хороскопски знак, па тие своите лични спомени сакаат да си ги чуваат во фиока. Доста се врзуваат со предмети и патат од прекумерно чување ствари, поради што треба повремено да прават селекција и да се ослободуваат од непотребното.

Стрелец – прилагоденост

Во идеална варијанта, благодарение на нивната практичност и ромска душа, домот на стрелецот е лесно пренослив, па селидбата за нив е лесна задача. Меѓутоа, знаат да се затрпаат со многу предмети кои сведочат за некои возбудливи моменти од нивниот живот. Најдобро би било да се обидат да ги организираат на начин кој ќе овозможи полесно одржување на домот, како не би се удирале на нив при секое поминување.

Јарец – традиција

За јарците традицијата е клучна. Тие својот простор сакаат да го декорираат со одбрани предмети кои ја одржуваат личната историја, вклучувајќи и дел од семејното наследство и винтиџ парчиња мебел кои во последно време се повторно во тренд. Бидејќи практичноста е една од нивните одлики, тие секогаш размислуваат за намената која некое парче мебел може да ја има, пред да решат да го фрлат, подарат или продадат.

Водолија – еклектичност

Тие се познати по својата еклектична црта, па затоа не обрнуваат многу внимание на правилата кога е во прашање дизајнот, туку својот животен простор го уредуваат онака како што им одговара според нивниот вкус. На водолиите едноставно сè им е дозволено, па можат слободно да комбинираат принт со точки и пруги, како и сè друго што го одликува нивниот единствен вкус.

Риби – едноставност

На рибите, како воден знак, најважен дел од домот им е бањата. Затоа тој дел треба да изгледа што пораскошно и поудобно за моментите кога им е потребен одмор и релаксација. Тие најчесто бираат простор кој диши и мами со својата удобност. Рибите се склони кон едноставни линии, заради што многу им е лесно да го одржуваат домот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар