Стрелец и водолија – пријателска комбинација

Стрелец и водолија – пријателска комбинација

Многу малку луѓе се толку задоволни од своите пријатели колку што се стрелецот и водолијата еден од друг. Стрелецот ја обожава социјалната, авантуристичка и филозофска страна на овој пријател. Toj е еден од најомилените луѓе во животот на водолијата. Таа го обожава неговиот слободен дух, отворен ум и авантуристичко срце. Стрелецот пак, му се восхитува на непредвидливото однесување на водолијата и нејзините хуманитарни инстинкти.Стрелец и водолија - пријателска комбинацијаДвете другарчиња обожаваат да запознаваат нови луѓе, да ги истражуваат неоткриените територии и да дискутираат за смислата на животот. Тие се многу дружељубиви луѓе, па најверојатно се последните гости кои ќе си заминат од секоја забава на која се поканети.

Љубомората не е дел од ова пријателство. Напротив, стрелецот ѝ се воодушевува на водолијата поради нејзините познавања од физиката, а таа е импресионирана од тоа што стрелецот познава повеќе странски јазици. Спортови кои бараат досетливост и брзи рефлекси се створени за водолијата и стрелецот. Овие двајца може да бидат одлични соиграчи во пинг-понг или на масичка за фудбал. Неуредно сликање на платно или изработка на глинени предмети, може да биде доста забавно за овие пријатели, бидејќи се луѓе кои сакаат да си ги извалкаат рацете.

Тврдоглавоста на водолијата може многу да го нервира стрелецот. На сличен начин, водолијата не може да го сфати променливиот вкус за работите, кој го има стрелецот. Во секој случај, на секој од нив не му претставува проблем да ги игнорира негативните карактеристики на другарот, бидејќи имаат многу заеднички интереси. Бадминтон, кошарка и добротворна работа може да донесе задоволство во нивните срца.

Со тек на време, водолијата ќе сфати дека грубата искреност на стрелецот е секогаш добронамерна, а тој ќе сфати дека неспособноста на водолијата да забележи големи промени кај него, како нов стил на облекување или сосема поинаква фризура, е само една шармантна особина.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар