Стрелец и рак – љубовна комбинација

Кога рак и стрелец стапуваат во љубовна врска, тие мораат да бидат многу трпеливи и да ѝ дадат време на нивната врска да се развие и да созрее. Со тек на време, двајцата партнери ќе сфатат дека тие имаат многу работи да си понудат еден на друг. На почетокот може да изгледа дека стрелецот е во потрага по нешто кое ќе го возбуди и ќе му го покачи адреналинот, а  ракот е поскромен и е задоволен сé додека врската му ја обезбедува емоционалната сигурност.Стрелец и рак – љубовна комбинацијаНивните карактерни разлики може да доведат до различни потреби и очекувања на партнерите на почетокот од врската. Така, на ракот може да му е потребна поголема приврзаност и блискост, отколку што стрелецот е спремен да даде. Но, доколку цврсто се борат за нивната врска и ја надминат оваа почетна фаза, стрелецот ќе научи како да ја почитува силната емоционална поддршка која неговиот рак му ја дава.

Стрелецот и ракот имаат спротивставени погледи кон животот. Луѓето родени во хороскопскиот знак рак се емотивни, нежни и имаат традиционални сфаќања, додека стрелецот е еден неуморен „скитник“. Преголемата емотивност на ракот, може да биде неиздржлива за авантуристичкиот стрелец. Истовремено, ракот може да ја негира неуморноста и потребата на стрелецот за разни активности надвор од врската.

И покрај нивните разлики, овие партнери можат да бидат среќни заедно. Ракот може да му понуди на стрелецот безбеден дом, место во кое тој ќе може да продолжи да „сонува“ за реализација на неговите амбиции во иднина. Слободоумниот и оптимистички настроен стрелец, за возврат може да му понуди на својот партнер разновидност и возбуда во секојдневниот живот.

Ракот е управуван од Месечината (емотивност), а стрелецот од Јупитер (филозофија). Месечината ја симболизира љубовта, нежноста и семејниот инстинкт. Јупитер пак го фокусира стрелецот кон развој на интелигенцијата, оптимизмот, успехот и нескротливата желба за патувања.

Љубовната врска сочинета од партнери родени во знаците стрелец и рак, е успешна комбинација во која циркулира прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Кога заеднички работат кон остварување на некаква цел, миксот од нивните различни карактери може да резултира со голем ефект во постигнувањето успеси.

Овие партнери можеби понекогаш нема да ги сфаќаат постапките и потребите на својот љубен/а, но ако успеат да застанат на иста бранова должина, страстите помеѓу нив ќе се разгорат и тие ќе бидат незапирлива сила. Ако научат да ги вреднуваат нивната интимна конекција, пријателскиот однос и ги почитуваат нивните различни гледишта кон работите, недоразбирањата помеѓу нив можат да исчезнат.

Во оваа врска, стрелецот е партнер кој постојано се префрла од една на друга работа, од една на друга авантура, во согласност со неговиот моментален инстинкт, додека ракот пак е иницијаторот на нови планови. Во секој случај, за да успеат да се одржат заедно на долг рок, ракот ќе мора да му ја даде на стрелецот потребната слобода и простор за реализација на неговите индивидуални интереси, кои не се во склоп на врската. Ракот може да му даде на стрелецот одлични предлози и совети за некоја работа, дури и ако тој веќе решил да се откаже од истата и продолжил понатаму. Стрелецот пак го учи својот рак, како да го „отвори“ својот ум и да ја пронајде убавината во флексибилноста.

Најдобриот аспект од комбинацијата стрелец-рак, е сигурноста и безбедноста која тие можат да си ја понудат еден на друг, сé додека ракот му ја даде слободата која му е неопходна на стрелецот. Тие ќе бидат компатибилен пар ако се искрени и отворени еден кон друг и доколку успеат да ги прифатат нивните различни филозофии за животот. Ако нивната комуникација остане јасна и отворена, ракот и стрелецот ќе сочинуваат една стабилна и среќна заедница.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. LaLa Reply

    Интересно и многу вистинито. :)

  2. U986 Reply

    Koga ke bide za strelec i devica ….nesto mnogu sporo odi rabotava :)))

  3. Кафе Пауза Reply

    Ќе ја биде! :) До 21 декември трае периодотот на стрелецот, до тогаш се мора да излезе за него. А комбинацијата со девицата очекувај ја при крајот на неделава. Поздрав :)

  4. valentina Reply

    ziva vistina potvrdena so 24 godisna vrska i 17 godisen brak

Остави коментар