Стрелец и лав – пријателска комбинација

Стрелецот и лавот имаат тенденција да оформат меѓусебна почит, после неколку минути откако ќе се запознаат. Стрелецот ја обожава великодушноста на лавот, а тој му се восхитува на веселиот дух кој го има стрелецот. И покрај тоа што лавот ги цени сите свои пријателства, стрелецот му е особено драг, благодарение на неговата дружељубивост, ентузијазам и смисла за хумор. Никој не може да го насмее лавот повеќе од незаменливиот стрелец. И лавот умее да го насмее стрелецот со неговиот необичен талент за имитирање, зајадливи забелешки и апсурдни шеги.Стрелец и лав - пријателска комбинацијаОвие пријатели можат меѓусебно да си поделат разни совети и искуства и можат многу да научат за себе, погледнувајќи ги работите од поинаква перспектива. Лавот може да му даде одлични совети на стрелецот за практични работи, како на пример ефикасно трошење на неговите пари. Стрелецот за возврат, може да му помогне на лавот да го отвори неговиот ум кон нови можности.

Помеѓу овие пријатели може да се појават недоразбирања, како резултат на непрактичноста на стрелецот, која не се совпаѓа со здравиот начин на размислување кој го има лавот. На ист начин, екстремната посесивност на лавот, го полудува стрелецот. Ако лавот може да го прифати фактот дека стрелецот е расеана личност која секаде си го заборава паричникот и секогаш доцни, стрелецот ќе му го прости на лавот неговото кралско однесување и ќе има желба да го вклучи во сите негови авантуристички активности.

Секој од овие два знака е полн со енергија и голема е веројатноста овие пријатели да имаат страст за спортување. Патувањата на некои егзотични места се исто така нешто, во кое двајцата неизмерно би уживале. Може многу да се забавуваат танцувајќи цела вечер во ноќен клуб, играјќи фудбал или глумејќи во претстави.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. anna Reply

    i dvata znaci uzasno gi mrazam samo ovie 2 od site gadni se samobendisani,uzivaat da ja narusuvaat psihata na drug,i da dominiraat demek koj sme nie bljak odvrat karakterii

    • Ј Reply

      Не ми е јасно зошто ти го одобриле коментарот воопшто. Прво ако ги мразиш овие знака, што бараш да читаш, а тек па да коментираш за нив? Очигледно те имаат повредено и наместо да собереш храброст да им се спротиставиш ко човек и во лице, ти наоѓаш на артикл кој е позитивен, да шириш негативност. И како се осмелуваш да правиш генерализација, имаш ли 2 грама мозок и да процениш дека не се сите луѓе исти! А ти ако си ‘подобра‘ во карактер од нив, нема на толку ниско ниво да се спуштиш со завидливи коментари. Не планирам да трошам повеќе време на тебе, не вреди, ти посакувам што поскоро да си ја излечиш твојата искомплексирана природа. Пријатно.

  2. С Reply

    Браво за Ј.!!! Се согласувам со тебе!

  3. Марија Reply

    Браво Ј, секоја чест на коментарот !

Остави коментар