Стрелец и лав – љубовна комбинација

Сподели

Врската помеѓу лав и стрелец е многу страсна како резултат на нивните екстремно динамични карактери. Овие два знака се полни со живот, уживаат во секој момент од него и се многу интересни за луѓето кои се во нивна близина. Секој од партнерите го охрабрува другиот секогаш да цели кон високи достигнувања. Тие меѓусебно се обожаваат и почитуваат. Комбинацијата од нивните карактери создава искрена, харизматична и шармантна атмосфера, поради што останатите луѓе уживаат да бидат во друштво на овој пар кој ја шири таа енергија.Стрелец и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат прилично нетрпеливи, а лавот може да го иритира флертувачката тенденција на стрелецот, но во ниеден момент нивната врска не е досадна. Стрелецот животот го гледа како еден учебник кој мора да го научи, додека лавот се обидува секогаш да ја задржи својата грациозност и се стреми кон стекнување богатство.

Двата знака се екстремно друштвени луѓе, со тоа што на лавот му е крајно важно да се чувствува дека има контрола врз секој разговор. Во оваа врска лавот е лидер кој ги држи работите под контрола, а стрелецот полека ги анализира плановите за остварување на неговите цели. Стрелецот и лавот најчесто се почитувани од страна на другите луѓе, но многу е битно тие да запомнат дека треба и меѓусебно да се однесуваат со голема почит.

Лавот е управуван од Сонцето, а стрелецот од Јупитер. Сонцето во лавот ја симболизира неговата гордост, его и сопственото „јас“, додека Јупитер во стрелецот, ја означува потребата за постојан развој на неговата личност и учење нови работи. Тие се фокусираат на нивните животи и се обидуваат да ја пронајдат нивната местоположба во светот, а понекогаш и се преоптоваруваат со ваквите размислувања. Кај двата знака циркулира силна, мажествена енергија и тие создаваат еден одличен пар, бидејќи меѓусебно се разбираат, токму поради нивните слични карактери.

Стрелецот и лавот се огнени значи, што значи дека и двајцата се многу страсни и треба да внимаваат нивните глави да не се „вжештат“ премногу. Стрелецот може да го „гуши“ лавот со длабоката поддршка и разбирање, кои тој му ги нуди, а на лавот не му се потребни. Од друга страна, лавот може минимално да се прилагодува на веселото однесување на шармантниот стрелец во социјалните збиднувања. Стрелецот може да се умори од површната самобендисаност и муртењето на лавот, но разликата во нивното размислување нема да трае долго, бидејќи тие не сакаат да си го губат своето време. Стрелецот ќе тргне во потрага кон освојување нова цел, а оптимистичниот лав ќе организира кафе со неговите пријатели кои знае дека го обожаваат и нивната ситна кавга набргу ќе стане минато завршено време. Во секој случај, двајцата партнери се лојални, приврзани и посветени на врската и убавината на унијата која тие ја создаваат. Ова ги победува ситните препреки помеѓу нив.

Најдобриот аспект од нивната врска е волјата на партнерите да функционираат како тим и прекрасната конекција која тие ја манифестираат секогаш кога ги гледаат работите низ иста призма. Тие меѓусебно си ги надополнуваат нивните карактери и обрнуваат особено внимание на нивниот развој, на лично и на професионално ниво. Стрелецот и лавот ја знаат нивната улога во врската. Нивните слични енергии и експлозивната страст, постојано ја зачинуваат оваа врска со нови разновидни искуства.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Хана Reply

    Дефинитивно точно.

  2. Ирена Reply

    You are the rainbow over Leo’s head and Leo is the pot of gold . Perfect combination and an exciting thing for leo.
    You bring out the best in one another. You both have a very carefree approach to life and love. Definitely not a boring relationship in all aspects.

    Leo finds an intense, super-fun soulmate in a Sagittarius man. He is fiery and passionate, just like you. You’ll have a great time going out on the town, exploring new places and meeting new people together. You will spur each other on to new heights of creativity in many areas of your lives. You also have an incredibly strong chemistry that makes kissing incredible! Be warned that Sagittarius boys have a notoriously hard time being faithful to one girl. But if anyone can make him be true, it’s a Leo girl. :)

  3. nate Reply

    stavete za strelec i ribi

  4. Kate Reply

    Strelec-Ribi

  5. Apulia Reply

    Znaci lileee sve mi pogodivte…

  6. Име Reply

    definitivno tocno

    • Saska Reply

      Bukvalno ….se e tocno

  7. ivka-slivka Reply

    nema so da se povtoruvam ala da mu e na toj sto ja pisuval horoskopskava kombinacija. . . . . respakt za nego i voopsto za celava strana kafe pauza najbolju steeeeeee :*************

  8. hehehe Reply

    prekrasno e napisano i se e tocno <3

  9. С Reply

    Definitivno golema hemija postoi pomegu ovie dva znaka! Dokaz e dolgogodishnata strast sto seuste ja ima pomegu nas :D

  10. Eli Reply

    Definitivno se e to4no :)

Остави коментар