Стрелец и јарец – љубовна комбинација

Стрелец и јарец – љубовна комбинација

На почетокот, љубовната врската помеѓу стрелец и јарец може воопшто да не напредува и партнерите да се чувствуваат како да немаат ништо заедничко. На некој начин, овие два знака се спротивни типови на личности. Стрелецот е енергичен, лекомислен, има чудни идеи, прилично е нетрпелив, постојано сака да учи нешто ново и секогаш импулсивно се впушта во нови работи. Јарецот пак е пасивен, срамежлив, се фокусира на деталите и секогаш бара некој проект, на кој ќе ја употреби целата негова енергија. Токму нивните разлики се причината зошто оваа врска може да успее на долг рок, бидејќи тие можат многу работи да научат еден од друг.Стрелец и јарец – љубовна комбинацијаКога сè уште не се познаваат доволно, стрелецот и јарецот можеби нема да гледаат никаква поента во нивната врска, ниту ќе имаат волја да поминат преку маaните на својот партнер. Стрелецот понекогаш знае да биде нескротлив, а јарецот арогантен и „надуен“. Но, кога еднаш ќе одлучат да престанат да се фокусираат на маaните на својот партнер, стрелецот и јарецот ќе ги увидат нивните поединечни квалитети. Стрелецот може да го научи јарецот да живее „од денес за утре“, радувајќи се на секое ново искуство кое го стекнува во животот и ќе му ја даде на јарецот потребната слобода. Јарецот пак ќе го научи стрелецот да обрнува повеќе внимание на деталите, ќе му помогне да сфати дека малите нешта можат да бидат многу значајни и ќе му даде совети како да ја контролира неговата импулсивност и темпераментност. Стрелецот може да го доживува јарецот како премногу сериозна и одговорна личност, па ќе му помогне да најде начин да се релаксира, разведри и забавува. Јарецот може да го обвини стрелецот дека се однесува премногу бунтовнички и неодговорно. Кога ќе застанат на иста бранова должина, овие партнери всушност можат да научат еден од друг многу убави манири.

Стрелецот е управуван од планетата Јупитер, а јарецот од Сатурн. Јупитер во јарецот внесува потреба за постојано едуцирање и интелектуален развој, како и „среќна ѕвезда“ која може да му донесе успех во животот. Сатурн пак е симбол на амбициозност, одговорност, трудољубивост, посветеност и неуморност –  карактеристики кои го одбележуваат јарецот. Нивното меѓусебно влијание може да биде многу позитивно и да ги истакне најдобрите квалитети на двајцата партнери. За да се случи тоа, стрелецот и јарецот треба да научат да се почитуваат и да се повлечат еден чекор назад кога не се согласуваат со мислењето на партнерот, за да се избегнат недоразбирањата.

Стрелецот ќе го научи јарецот како да биде поспонтан, додека истовремено од него ќе „ црпи“ стабилност, одговорност и рационалност. Стрелецот во оваа врска е оној кој прави филозофско истражување и кога ќе дојде до одреден заклучок предлага идеи и нови работни проекти. Јарецот пак се потпира на реалната и фактичка состојба и преферира практично да ја остварува работата.

Овие партнери имаат навистина различна емоционална структура. Додека јарецот размислува за последиците од неговите постапки, стрелецот обожава да истражува, да ја пронаоѓа вистината и да собира искуства, а тоа го прави за свое лично задоволство. И покрај тоа што овие партнери може да имаат проблем да се разберат поради нивните спротивни дефиниции за морал, ако успеат да ги тргнат нивните разлики настрана, тие можат да бидат навистина прекрасен пар, како резултат на нивните комплементарни карактери.

Стрелецот не е секогаш лидер во оваа врска или поттикнувач на мотивација и ентузијазам. Тој едноставно кога има добра идеја на ум и смета дека може да даде свој придонес во реализацијата на истата, ужива да ја зазема таа улога. Стрелецот и јарецот можат успешно  да работат кон реализација на заеднички цели и да немаат никаков проблем околу тоа, кој каква улога зазема.

Најдобриот аспект од нивната врска е ефективноста која може да произлезе ако заеднички работат на надминување на малите пречки кои се јавуваат на почетокот на нивното запознавање. Нивните карактери, кои се различни во многу нешта, ја прават нивната љубов вредна, успешна и моќна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. iki Reply

    mnogu tochno!

    cipi ljubov moja!

  2. A.Westwick Reply

    🙂 Мноооогу точно!!

  3. Dahrann Reply

    Your posting really sratightened me out. Thanks!

Напиши одговор на iki Откажи одговор