Стрелец и близнаци – љубовна комбинација

Близнаците и стрелецот во љубовна комбинација, можат да бидат навистина спектакуларен пар. Тие се екстремно компатибилни знаци и какви било „нерамнини“ кои би се појавиле во текот на градењето на нивната врска, можат да се „израмнат“ со минимум вложен напор од двете страни.Стрелец и близнаци - љубовна комбинацијаБлизнакот е прилично спремен во секој момент да експериментира и да се впушта во искусување нови работи и да му ја даде на стрелецот потребната слобода во врската која нему му е потребна, бидејќи и самиот тој ја има истата потреба. На стрелецот му е потребна физичка слобода, што значи дека тој сака да е независен од својот партнер во одлуките кога и зошто сака да излезе за да се види со некоја личност, додека на близнакот му е потребна умствена, психичка независност, но во основа нивната потреба е иста. И близнакот и стрелецот обожуваат да доживуваат нови искуства, да запознаваат нови луѓе; сакаат изненадувања, сензации и е повеќе од сигурно дека ќе го поминат заедничкото време во разни авантури.

Овие два знака постојано се префрлаат од една на друга работа, со цел да апсорбираат што е можно повеќе искуства. Покрај тоа што се одлични љубовници, стрелецот и близнаците се и одлични пријатели. Помеѓу нив постои меѓусебно длабоко разбирање и имаат многу сличен поглед кон животот, кој е во главно базиран на освежувачки оптимизам и ентузијазам.

Стрелецот понекогаш знае да биде премногу остар и да кажува работи без претходно да размисли дека тие можат да повредат нечии чувства. Среќна околност е што близнакот е жилава, издржлива личност, која исто како и стрелецот лесно опростува и брзо заборава. Овие два знака немаат време, ниту интерес да бидат нерасположени или непријателски настроени.

Близнаците се управувани од планетата Меркур (комуникативност), а стрелецот – од Јупитер (среќа). Меркур ги прави близнаците зборлести и високо интелигентни луѓе. Јупитер внесува среќа и филозофија во животот на стрелците и им создава жед за постојано учење и пронаоѓање на вистината.

Друга причина зошто овие двајца се одличен љубовен пар, е што близнакот е креаторот на идеите во врската, а стрелецот веднаш ги прифаќа и се впушта во акција на нивно реализирање. Стрелецот ја зголемува моќта на близнакот, и обратно. Ова е навистина врела, страствена и активна врска, во која секогаш нешто се случува, па затоа не може да им здодее на партнерите еден од  друг. Но, понекогаш таа енергија и активност во нивната врска, може да ескалира во сериозна расправија помеѓу стрелецот и близнакот, во која некој ќе заврши повреден. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што значи дека нивниот однос е многу длабок и комплексен. Со други зборови, кога на партнерите им е убаво заедно, ним им е прекрасно, а кога им е лошо, може да биде ужасно.

Честа причина за нивното несогласување, може да биде за тоа кој е главен во врската, бидејќи и двајцата имаат многу компетитивна природа, која може да избие на површина во сосема погрешен момент. Добрата вест е и покрај тоа што помеѓу нив може често да има несогласувања, разликата во ставовите не трае долго. Близнакот е премногу зафатен да се заморува со кавги бидејќи психички се подготвува за следниот предизвик, а стрелецот може да опрости сè освен непочитување од страна на неговиот партнер.

Двата знака се екстремно флексибилни, способни се и имаат волја да се прилагодат на секаква промена. Тоа е добро, бидејќи кога близнакот ќе се предомисли на сред реченица, стрелецот нема проблем да се „заврти“ за 180 степени, и да заземе чекор со својот партнер кој сака „високо да лета“. Кога пак стрелецот, ќе добие ненадејна желба да патува некаде, близнакот срдечно ќе „рипне“ во автомобилот и ќе го придружи својот партнер.

Најдобриот аспект од оваа врска е нивниот заеднички интерес за стекнување знаење, интелектуално унапредување и негово претворување во акција. Тие се одличен пар, заснован на ентузијазам, енергија и движење. Сличните интереси и карактери, ги прават стрелецот и близнаците високо компатибилен пар.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Konstantin Reply

    Tocno Tocno Za Bliznacive :)…T.e Jas Sum Bliznak :D…
    i Znam Kako Mi E 😀

  2. ilijana Reply

    ee aj ako sakate napisete kombinacija za rak i bliznaci …fala odnapred :)))

  3. Сашка Reply

    Јас и мојот момак (Стрелец – Близнак) сме оваа комбинација…и навистина е така!

  4. Ilija Reply

    jas i mojata sopruga sme strelec -bliznaci sovrseno tocno e kako sto e pretstaveno za ovie horoskopski znaci vo potpolnost se slozuvame

  5. mogan Reply

    naj tocno

  6. Kiki Reply

    JAS I MOJOT SOPRUG SME KOMBINACIJA STRELEC BLIZNAK NE E LESNO AMA EVE VECE 30 GODINI NIKOGAS NE E DOSADNO HAHAHAHA

  7. Ана Reply

    цело време мислев дека е јарец, а он стрелец да ти бил. има голема вистина во статијава. ама како и да е, заврши пред да продолжи…

    • emilija Reply

      koja razlika e od strelec do jarec….

  8. ekstra Reply

    i jas i soprugot sme ovaa kombinacija, jas bliznak a soprugot strelec…..tocno e do bukva :))))) i sega za sega eve sme ,ne ni e dosadno i se slozuvame …

Остави коментар