Среќата пред сè: Мали ситници што ќе го усреќат вашиот партнер (според неговиот хороскопски знак!)

Среќата пред сè: Мали ситници што ќе го усреќат вашиот партнер (според неговиот хороскопски знак!)

Ако среќата се состои од мали работи, тогаш ситниците што можат да го усреќат вашиот партнер се доста важни во вашата врска. Еве како хороскопот ги дефинира обичните гестови на внимание и однесување, кои на вашиот партнер би му значеле многу.

1-srekjata-pred-se-mali-sitnici-koi-kje-go-usrekjat-vashiot-partner-sprema-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен

Тој сака кога го слушате, особено кога тоа воопшто не го барал и не морал да се труди да го привлече вашето внимание. Всушност, тој сака да ги забележите неговите потреби. Кога е нерасположен и под стрес, бидете во близина и помогнете, или пак предложете му некоја заедничка физичка активност во природа како што е пешачењето, возењето велосипед или вежбањето во природа. Ова сигурно ќе му го поправи расположението, додека истовремено ќе биде и задоволен што се грижите и знаете што му треба.

Бик

Нив ги усреќува добрата храна и интимното домашно опкружување. Понудете му заедничко готвење на неговата омилена храна и вечер со филм по негов избор. Тоа е наједноставниот начин тој да биде среќен и добро расположен.

Близнаци

Тие се среќни кога се уважени и вреднувани, особено на емотивно ниво. Сакаат да знаат дека нивниот труд, посветеност и внимание наидуваат на полно уважување, одобрување и највисока оцена. Аплаудирајте им и фалете ги, гласно и јасно. Тоа воопшто не е тешко, бидејќи навистина заслужуваат.

Рак

Кога ќе го оставите Ракот да биде сам, тогаш кога му треба да биде оставен на мир и во самотија, тој ќе ви биде многу благодарен. Но, исто така ќе биде и расположен за сите оние други ситни вниманија што ги обожава – прегратки, галења и пазења.

2-srekjata-pred-se-mali-sitnici-koi-kje-go-usrekjat-vashiot-partner-sprema-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Лав

Лавот сака да биде опкружен со луѓе чие друштво го цени, и да дава придонес на таа избрана група. Бидете задоволен што е толку впечатлив, па и тој ќе биде задоволен со вас. А потоа ќе сака заедно со вас во интимна атмосфера да ја гледа својата омилена ТВ серија.

Девица

Ако сакате да ја усреќите Девицата, потрудете се да ја уверите со своето внимание и времето кое ѝ го посветувате, дека потполно ја разбирате и прифаќате. Одобрувањето ќе го усреќи секој, но на Девицата ѝ е едноставно неопходно.

Вага

Оставете им слобода на изборот. Вагите се познати по неодлучноста, но тоа е само двоумење пред да се донесе конечната пресуда (или која било друга одлука) без да бидат сигурни дека сè, ама баш сè е земено предвид. Оставете ја Вагата да постигне баланс, без никаков ваш притисок и барање, па ќе имате среќен партнер покрај себе.

Скорпија

Потребно им е разбирање, чувство на припадност и вклученост во сите аспекти од вашиот живот. Скорпиите сакаат партнерство и ќе бидат среќни да делат сè со вас.

3-srekjata-pred-se-mali-sitnici-koi-kje-go-usrekjat-vashiot-partner-sprema-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Тие сакаат друштво од забавни луѓе и секогаш се расположени да одат некаде. Истражувањето навистина ги усреќува. Бидете некој кој разбира, поддржува и со радост учествува во нивниот начин на живот.

Јарец

Тие сакаат да бидат наградени за нешто што добро направиле. Пофалбата и искрената благодарност и уважувањето ќе бидат доволни, а малиот поклон, со назнака дека заслужиле посебно внимание, бидејќи биле толку добри, ќе ги воодушеви.

Водолија

Водолиите се најсреќни со своите мисли, кога можат да бидат опуштени и да чувствуваат слобода и припадност на непрегледниот универзум. Придружете им се во тоа или не ги вознемирувајте.

Риби

Најмногу ја сакаат интимната атмосфера на својот дом и телесната блискост и размената на нежности со личноста која ја сакаат. Држете ги во прегратка и оставете им да изберат програма на телевизија.

5-srekjata-pred-se-mali-sitnici-koi-kje-go-usrekjat-vashiot-partner-sprema-negoviot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар