Спознајте се себеси со помош на ѕвездите: Психолошка анализа на сите хороскопски знаци

Спознајте се себеси со помош на ѕвездите: Психолошка анализа на сите хороскопски знаци

Без разлика дали верувате во хороскоп или не, мора да признаете дека понекогаш вашите карактерни особини навистина се поклопуваат со она што е напишано во ѕвездите. Од таа причина, ние ви претставуваме детална психолошка анализа на сите хороскопски знаци која со сигурност ќе ви помогне да се спознаете себеси…

Спознајте се себеси со помош на ѕвездите: Психолошка анализа на сите хороскопски знаци

Овен

Провокативен, гласен, енергичен и бестрашен. Овенот е знакот кој не може да остане незабележан. Станува збор за нервозна личност која не ја држи место и на која секогаш ѝ недостасуваат зборови за да го искаже она што го чувствува. Тие се импулсивни и нетрпеливи, па затоа сакаат да стигнат до целта што е можно побрзо. Секоја добронамерна критика ја сфаќаат како личен напад или предизвик и реагираат бурно. Мразат да бидат просечни и секогаш даваат максимум од себе. Тие никогаш нема да прифатат нешто минимално, како што е ронка пријателство или љубов.

Тврдоглавите Овни секогаш гледаат само низ својата призма и речениците ги почнуваат со „Јас“. Во друштво се гласни и понекогаш арогантни, а во работните односи не покажуваат голема желба за соработка. И покрај тоа што постојано се фалат и не отстапуваат од сопственото мислење, постојат многу луѓе што ги сакаат припадниците на овој знак, бидејќи тие се великодушни, чувствителни, отворени и чесни.

Ако го налутите, Овенот ќе го каже и тоа што не го мисли само за да повреди. Брзо избувнува, но бесот не му трае долго. По бурата што ја предизвикал, тој е повторно ведар како ништо да не се случило. Нема да се извини, но ќе се искупи со неговите постапки.

Бик

Биковите се одлучни, темелни и упорни. Како и останатите земјени знаци, тие се рационални и внимателни, но не се ситничари како Девиците и не се опседнати со кариерата како Јарците. Тие сакаат да успеат, но тоа не им е единствената цел во животот. Биковите сакаат и да уживаат во животот, да изградат дом, семејство и да остават нешто по кое ќе бидат запаметени. Знаат да ги контролираат чувствата и целосно се посветени на задачите што ќе си ги зададат. Имаат цели, но не и соништа, бидејќи Биковите никогаш не тежнеат кон нешто што знаат дека нема да го остварат.

Биковите многу ретко се откажуваат, освен ако не се разочараат. Понекогаш се многу трудољубиви, но имаат и периоди кога се мрзеливи, неподвижни и бесчувствителни. Тие се големи меланхолици и сакаат да им се препуштат на сеќавањата и љубовните фантазии, поради што забораваат на обврските кои треба да ги завршат.

Припадниците на овој знак се добродушни, но не и наивни. Тие можат да ги препознаат луѓето кои сакаат да ги искористат и тогаш стануваат многу строги и груби. Биковите не се расипници, но ги прифаќаат земните задоволства со широко отворени раце.

Близнаци

Ова е знак кој не може да се пофали со челична волја, но затоа, пак, интелектуалните способности му се на завидно ниво. Близнаците се сестрани, вооружени со знаење од сите области, располагаат со богат речник, подвижни се и снаодливи во сите ситуации. Во друштво, секогаш се насмеани и ведри. Тие им се радуваат на новите искуства, новите познанства, професии и без проблем ги менуваат навиките и местото на живеење. Лесно се прилагодуваат, можат да работат неколку различни професии истовремено и имаат неисцрпна енергија. Доколку ви треба некој да ви го подигне расположението, најдобро е да му се јавите на овој хороскопски знак.

Машките претставници на знакот добро се снаоѓаат со домашните обврски, а некои се дури и подобри „домаќинки“ од жените. Жените, пак, исто така се способни да извршуваат многу работи што се сметаат за „машки“, од менување гума на автомобил до разговор за фудбал.

Близнаците не обрнуваат многу внимание на нивниот надворешен изглед, туку поважни им се интелигентните разговори и дебати. Успеваат да ја согледаат позитивната страна во секоја можна ситуација. Припадниците на овој знак се како мали деца, а многумина од нив можат да се пофалат со младешки изглед и дух, дури и во позрелите години.

Спознајте се себеси со помош на ѕвездите: Психолошка анализа на сите хороскопски знаци

Рак

Раковите на прв поглед делуваат дрски и воздржани, но во суштина тие кријат сложена емоционална структура и длабоки внатрешни доживувања. Тие се пасивни, молчаливи, внимателни и мистериозни, но тоа е така затоа што можат да го почувствуваат сето она што се случува околу нив. Бегаат и се повлекуваат кога ќе наидат на работи што им се непознати, бидејќи ги доживуваат како закана. Раковите се многу грижливи и заземаат заштитнички став кога се работи за нивниот дом и семејство, особено ако имаат деца.

Припадниците на овој знак се традиционални, а духовните вредности ги ценат многу повеќе од материјалните. Љубовта им е најважна, но знаат да се посветат и на професионалниот развој. Тие се многу упорни и одлучни кога имаат јасна цел. Не трошат време на излегувања, дружење и забава, туку се фокусирани на работата и семејството. Имаат многу познајници, но малкумина од нив можат да ги наречат пријатели. Кон нив се великодушни и несебични, а се сомневаат во сите останати.

Воопшто не се фалат, а некогаш дури и претеруваат со нивното самосожалување. Кога ќе се најдат во поголемо друштво или на некој јавен собир, се чувствуваат непријатно и затоа се однесуваат ладно и даваат цинични коментари. Луѓето кои ги познаваат ги сакаат поради нивната добрина, чувствителност, грижливост, лојалност и пожртвуваност.

Продолжете на втората страница за останатите хороскопски знаци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар