Специјален хороскоп за Денот на вљубените

Специјален хороскоп за Денот на вљубените

Нели е прекрасно чувството кога партнерот е на иста бранова должина со вас, особено на ваков специјален ден? Кога станува збор за срцето, не постои поголема космичка конекција отколку среќната денешна поврзаност помеѓу Венера – планетата на љубовта и Месечината, која управува со нашите најдлабоки емоционални потреби и нежни чувства. Овие две планети во комбинација, носат нежност, прегратки, бакнежи и топлина на Денот на вљубените оваа година.

Специјален хороскоп за Денот на вљубените

А доколку ова планетарно влијание не ви звучи доволно, знајте дека и Сонцето (кое шири мажествена енергија) и Месечината (која шири женствена енергија) исто така меѓусебно ќе бидат поставени под вистинскиот агол, овозможувајќи им на вашите емоции да заблескаат во својот полн сјај. Воедно, бидејќи Месечината ќе влезе во Овен на денешен ден, можете да очекувате дека ќе имате голема храброст да ѝ кажете што точно чувствувате на личноста која ви се допаѓа. Можеби ќе бидете и доволно храбри да го направите првиот чекор, доколку сте сингл, со некоја личност која го украла вашето внимание.

Овен

Денес сте жешки и го знаете тоа! Осигурете се дека ќе носите црвено денес, не само затоа што тоа е бојата на љубовта, туку затоа што носејќи ја на себе денес ќе привлечете екстра внимание од спротивниот пол. Денес чувствувате особена урамнотеженост, кога станува збор за прифаќање на вашите емоционални потреби за слобода и независност, од страна на вашиот партнер. Љубовта не треба да значи задушување од партнерот, а оваа година доколку сте во врска, ќе почувствувате дека конечно сте го извлекле најдоброто од двата љубовни света: оној приврзаниот и оној кој ослободува. Доколку сте сингл, постои голема веројатност да расцути романса помеѓу вас и некој ваш пријател/ка.

Бик

Љубовта и почитта одат рака под рака, а деновиве вие дефинитивно ќе се чувствувате гордо чекорејќи покрај вашиот мил партнер, со задоволство нарекувајќи го лично „ваш/ваша“. Има нешто во врска со вашиот партнер што го крева вашиот статус деновиве и прави да се чувствувате особено задоволно. Доколку постојат некакви чувства коишто ги криевте во себе, денес е вистинскиот момент целосно да му се отворите на вашиот специјален партнер. Доколку веќе подолго време сте во врска, постои веројатност да се смени вашиот статус со веридба или свадба.

Близнаци

Очекувајте ништо помалку од воодушевувачка авантура на овој Ден на вљубените. Можеби периодов романтично ќе се заинтересирате за некоја нова личност во вашиот живот, која има многу поразлично минато од вашето. Доколку се случи таква средба, оваа личност ќе го привлече вашето внимание како ниедна друга претходно. Во најмала рака, вие и вашиот/ата љубен/а денес ќе уживате во романтична вечера, во ресторан со егзотична кујна. Периодов вие имате фантастична способност да се поврзете со другите луѓе, благодарение на вашиот оптимизам и ентузијазам. Без разлика дали сте во стара врска или ќе започнете нова, истата ќе го стимулира вашиот интелект, што е супер, бидејќи за вас, умот е најважната ерогена зона.

Рак

Без разлика дали сте сингл или во врска, знајте дека овој св. Валентин ќе има одличен романтичен потенцијал за вас. Раковите кои се сингл може да имаат испланирано некакво патување или спиритуален ритрит или едноставно да имаат порив да создадат нешто креативно со нивните раце. Занесени во свој филм, немојте да се изненадите доколку сретнете некоја специјална личност денес, со која ќе оформите цврста емоционална конекција. Оваа личност, може да ве научи како да го пронајдете подлабокото значење на љубовта. Доколку сте веќе во врска, ќе имате можност да воспоставите подлабока интимна врска со вашиот партнер, но за тоа да се случи, ќе биде потребно почесто физички да ја изразувате вашата љубов.

Лав

Емоционалната слобода и здравите граници кои треба да се постават во една љубовна врска, ќе бидат важни за вас на овој Валентин. Вам ќе ви биде многу лесно да сфатите што точно сакате и очекувате од љубовта. Ќе чувствувате хармонија во вашата врска и постои веројатност дека ќе се согласите со вашиот партнер да истражувате необични, нетрадиционални начини да ја засилите вашата конекција. Не грижете се што мисли остатокот од светот во врска со тоа. Вашата романса може да не се развива според вообичаените, веќе излитени патишта, но е дефинитивно вистинска. Истражете ја!

Девица

Вам не ви е потребен св. Валентин за да се чувствувате заљубено. Некое романтично искуство може многу набрзо да прерасне во нешто интензивно, страсно и неверојатно забавно. Но, внимавајте премногу да не избрзате, па да испадне од играчка-плачка. За среќа, денешниот свети Валентин, ќе ви овозможи да ја искусите длабочината на љубовта на начин кој ќе ја задоволи вашата душа. Овој љубовен аспект, најсилно ќе го почувствувате еден ден после Валентин. Кога станува збор за љубовта, вие ќе имате или сѐ или ништо, но вие моментално сте во состојба да имате ама баш сѐ.

Вага

Вие официјално го освоивте џекпотот на овој св. Валентин! Вашите романтични очекувања се големи, но имаат и голем потенцијал да се реализираат, бидејќи ќе формирате цврста емоционална конекција со која и да е таа личност, која ја одбравте да биде ваш Валентин. А денес, ќе имате многу додворувачи помеѓу кои ќе можете да изберете. Најдобриот дел се состои во тоа дека кој и да ви го освои срцето денес, прво ќе ви биде пријател, а потоа љубовник – совршената основа за вистинска љубов.

Скорпија

Денес ќе се чувствувате секси и ќе имате неверојатна способност да ја привлечете личноста која е предмет  на вашиот интерес и ќе уживате играјќи ја играта на љубовта со неа. Вашиот приоритет денес, ќе биде да го пронајдете сопственото задоволство, но нема да ве интересира сексот за една вечер. Не, вие сакате да искусите романса како од бајките! За среќа, планетите ви се наклонети во остварување на таа цел, со тоа што она вистинското ќе го почувствувате за 2 дена од сега, но денес дефинитивно ќе ги почувствувате ефектите. Вашата најдлабока романтична жед, ќе добие шанса да се материјализира. Ќе се чувствувате како да сте испиле љубовна напивка!

Стрелец

На денешен Валентин, вие веројатно повеќе од кој било друг знак, ќе почувствува дека особено ви е потребна љубовта. Не дека не можете да поднесете да бидете сами (тоа никогаш не било во ваш стил), туку едноставно ќе почувствувате потреба некој да ве притисне покрај себе, да ве гали и да ви покаже љубов. Па, еве ги и добрите вести: вашата желба е команда за универзумот! Ќе бидете многу комуникативни и на сосема природен начин ќе ги изразите вашите емоции на онаа личност којашто ја посакувате, а можеби ќе почувствувате и нагон да составите некое љубовно писмо. Очекувајте љубовна изјава од некого, за возврат.

Јарец

Вие сте во длабок процес на лична метаморфоза. Што се однесува до љубовните врски, вие досега веројатно сте се ослободиле од застарените лоши навики, со цел да се обидете да го пронајдете она љубовно партнерство, кое ќе ви остави простор за личен развој. Имате сфатено дека контролата, не треба да е дел од една здрава врска, па романсата нема да ви биде врвен приоритет денес. Без разлика дали сте сингл или во врска, ќе имате можност да ги преведете вашите чувства во врска со љубовта, наспроти нездравата опсесија кон некоја блиска личност. Тој или таа дефинитивно ќе ги почувствува придобивките од вашето ослободување, а исто така и вие.

Водолија

Денес вашиот магнетизам е изразен дури и повеќе од вообичаено. На овој св. Валентин вашиот сакан/а ќе ве посакува поради сето она со што се разликувате од остатокот од светот. Без разлика дали станува збор за вашата нова откачена фризура, чудна тетоважа во име на љубовта или едноставно чудниот начин на којшто се движите, очекувајте еден куп вербални комплименти од блиската личност. Може да добиете љубовно писмо или поема од онаа личност која денес ќе биде ваш Валентин, а доколку сте во врска, дефинитивно треба да очекувате разговор со вашиот партнер, кој ќе направи вашето срце да зачука малку побрзо.

Риби

Дали срцето ви затреперува кога ќе помислите на вашата тајна симпатија? Чувствувате ли дека љубовта ви е невозвратена и се заканува да ви го уништи романтичното расположение на Денот на вљубените? Не грижете се, бидејќи дури и да е така, вие оваа година ќе бидете способни да се фокусирате на љубовта на едно повисоко ниво. Денес, можеби ќе се решите да го поминете денот во правење нешто хумано, за некој кој има потреба од тоа. Можеби ќе сакате на пример да волонтирате во дом за стари лица, славејќи до Денот на вљубените со некој кој можеби се чувствува ужасно осамено денес. Вашата сочувствителност денес, ќе направи некаква промена во нечиј живот. Вие знаете подобро од било кој друг знак, дека ако ја ширите љубов, ќе се врати да ви чукне и на вашата врата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар