Скорпија и стрелец – пријателска комбинација

Скорпија и стрелец – пријателска комбинација

Пријателството помеѓу скорпија и стрелец, е во најмала рака, интригантно. Животот на стрелецот е како отворена книга, а на скорпијата како заклучен дневник. Стрелецот секогаш тежнее да се движи кон светлата страна на животот, а скорпијата не се плаши да се соочи со мракот. Се прашувате дали овие луѓе можат да бидат пријатели? Одговорот е да.
Скорпија и стрелец - пријателска комбинацијаНивното пријателство се заснова на силна обострана почит. Стрелецот ја цени интуицијата на скорпијата и нејзината способност добро да ги процени задните намери на луѓето. Затоа, секогаш кога стрелецот не забележува некои работи, скорпијата е тука за да му ги отвори очите. Скорпијата пак ги почитува идеите на стрелецот и обожува кога тој ќе ја однесе во некој прекрасен и уникатен ресторан на ручек. Љубомората на скорпијата му оди на нерви на стрелецот, а таа пак не може да ја поднесе неговата краткотрајна меморија на стрелецот.

На скорпијата ù годи веселата природа на стрелецот, а тој може да научи многу од приземниот пристап кон животот кој го има таа. Стрелецот може да ù помогне на скорпијата да го отвори нејзиниот ум кон нови идеи, искуства и луѓе, а таа може да му ја покаже опасноста од нејасниот начин на изразување кој стрелецот го има. Нетактичноста на стрелецот ќе ја нервира скорпијата, а нејзиното таинствено однесување ќе го полудува љубопитниот стрелец.

Разликите помеѓу овие два знака речиси и да не се забележуваат кога тие ги извршуваат нивните омилени заеднички активности. Тие најверојатно ќе уживаат да си помагаат во преуредувањето на нивните домови. Најверојатно би биле одлични соученици на курс по странски јазици. Од спортовите може да уживаат во пливање и картинг. Исто така, може да сакаат заедно да гледаат детективски филмови. Кога сè друго ќе стане досадно, караокето секогаш ќе добра биде опција за овие пријатели.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар