Скорпија и стрелец – љубовна комбинација

Ако скорпија и стрелец решат да бидат заедно во љубовна врска, тие треба да забават малку и да си дадат време подобро да се запознаат на едно подлабоко ниво, бидејќи во спротивно тие ќе ризикуваат да избрзаат со нивните заклучоци и постапки. Оваа врска може да биде завршена уште пред кој било од партнерите да знае дека таа воопшто започнала, ако тие не се доволно внимателни. Од друга страна, ако скорпијата и стрелецот се трпеливи и истрајни, нивниот труд ќе биде богато награден.Скорпија и стрелец - љубовна комбинацијаСтрелецот сака промени, нови, возбудливи и непредвидливи случувања и располага со моќна оптимистичка енергија. Скорпијата пак, едноставно сака да се зближи со својот партнер и да ја зацврсти нивната емоционална поврзаност. На почетокот на нивната врска, стрелецот може да се чувствува малку задушено од занесеното однесување на скорпијата и нејзините големи очекувања за љубовта. Ако скорпијата ги контролира своите емоции, во оваа врска и двајцата ќе се чувствуваат задоволно и возбудливо. И скорпијата и стрелецот секој ден го доживуваат како нова авантура и бескрајна можност за истражување, испробување и учење нови работи. Скорпијата има потреба постојано да одгатнува некои нејзини нерешени мистерии, а стрелецот постојано бара нова авантура и нивното споделување на искуства и идеи може многу да ги зближи како пар.

Помеѓу нив може да се појават и недоразбирања како резултат на нивните темпераментни карактери. На стрелецот може да му досади од тврдоглавоста и нефлексибилноста на скорпијата, а таа пак може да мисли дека нејзиниот партнер е многу импулсивен и непромислен. Љубовните партнери родени во овие хороскопски знаци ќе треба да поминат едно долго возбудливо патување учејќи многу еден за друг, а резултат за нивната врска ќе биде од голема полза.

Во оваа врска партнерите се секогаш спремни за акција. Плутон и Марс управуваат со скорпијата, а со стрелецот владее Јупитер. Марс го симболизира богот на војната, кој и дава решителност и борбеност на скорпијата. Во комбинација со Плутон, овие две планети ја симболизираат способноста на скорпијата за обновување и закрепнување после тешките моменти во нејзиниот живот. Јупитер го насочува фокусот на стрелецот кон филозофија, академско учење, развој на меморијата, оптимизам, среќа и патувања. Комбинацијата на карактерните особини на овие два знака, како што се нивната умствена зрелост и мажествена енергија, создаваат витална врска во која постои заемна почит и восхит.

Стрелецот е спонтан по природа и кога донесува одлуки се насочува во оној правец во кој му е најкомотно да биде. Од друга страна, скорпијата е порезервирана и нејзините мотиви се прикриени и тешки за „читање“. Поради тоа може да се случи овие двајца погрешно да ги интерпретираат зборовите и постапките на партнерот и да настанат недоразбирања, меѓутоа кризите можат да ги надминат. Ако овие партнери се согласат дека нивната врска е значајна, тогаш нивната меѓусебна преданост, приврзаност и нежност, ќе извојуваат победа.

И двата знака умеат да прават повеќе работи во исто време, т.н. мултитаскинг. Немојте никогаш да се посомневате во способностите на овој пар, бидејќи тие умеат убаво да ги прослават родендените, празниците, специјалните датуми и притоа да ги завршат на време секојдневните семејни и работни обврски. Сепак, за комплетното завршување на работите во оваа врска е задолжена скорпијата, бидејќи стрелецот често лута од една работа на друга, без претходно да го заврши веќе започнатото. За среќа на скорпијата, стрелецот ја забележува сета работа која таа ја сработува и тој дефинитивно ќе најде начин да ја изрази својата почит, секогаш кога тоа ќе биде потребно.

Скорпијата знае да биде тврдоглава, строга и да бара многу одеднаш, па таа ќе мора да му го даде на стрелецот потребниот простор и време за реализација на неговите интереси. Интересно е тоа што скорпијата има моќ да го мотивира стрелецот да ги реализира оние идеи од кои веќе се откажал, а тој за возврат има способност за адаптација и флексибилност, што е позитивна карактеристика кога настануваат нивните несогласувања.

Најдобриот аспект од оваа љубовна врска е чувството на безбедност во врската и обостраната прилагодливост на партнерите кон нивните заеднички желби и преференции. Кога еднаш ќе научат како да ги отворат нивните чувства еден кон друг и ќе успеат да ги сфатат нивните различни животни филозофии за љубовта, овие двајца имаат потенцијал за една „жешка“ врска, во која ќе бидат поврзани на длабоко емоционално ниво и меѓу нив ќе постои искрена почит.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар