Скорпија и скорпија – пријателска комбинација

Пријателството помеѓу две скорпии претставува мешавина од задоволство и болка. Задоволството се јавува како резултат на тоа што, само претставниците на овој знак можат да ја сфатат страста за живеење на животот која ја поседуваат, па поради тоа овие динамични пријатели ќе имаат многу заеднички теми на разговор. Болката пак, настанува кога скорпиите се наоѓаат во помрачно, самодеструктивно расположение и дозволуваат да ги обземе чувство на очај.Скорпија и скорпија – пријателска комбинацијаБидејќи двајцата пријатели се родени во истиот хороскопски знак, прашањето е кој од нив умее повеќе да гледа на посветлата страна на животот. Тука најмногу може да помогне некој пооптимистичен подзнак. Среќната околност во ваквите ситуации е тоа што скорпиите го владеат црниот хумор, па заедничкото исмејување на ироничните работи во животот, зајадливите коментари и подбивните шеги можат многу да им помогнат на овие пријатели, да ги надминат тешките мигови.

Овие пријатели секако, уживаат во слични активности и имаат многу заеднички интереси. Бидејќи скорпиите се луѓе кои навлегуваат под површината на работите, обидувајќи се да ја видат „целата слика“, овие другари најверојатно ќе уживаат во долги разговори, филозофирајќи и анализирајќи го секој аспект од ситуациите. Ако се најдат на иста бранова должина, што е многу веројатно да се случи, помеѓу нив ќе се роди вистинска блискост.

Од спортовите, најверојатно би се пронашле во некоја боречка вештина и секаква физичка активност која бара вложување напор. Исто така, би им годело нуркање под вода, откривајќи ги чудесните животинки кои ги крие морскиот свет. Претставниците на овој хороскопски знак ја обожаваат мистеријата, непознатото, волшебното, па овие пријатели најверојатно постојано ќе си разменуваат разни мистериозни романи и трилери. Овие пријатели може да поседуваат и талент за уметничко резбање дрво, длабење линолеум или изработување скулптури од глина и пластелин, па некоја од овие активности е уште една опција во која можеби би уживале додека се заедно.

Во ова пријателство одвреме-навреме ќе има недоразбирања и лутења, но бидејќи станува збор за две скорпии, ваквата појава е сосема вообичаена. Но, најверојатно после кратко време ќе им помине лутината и повторно ќе се зближат како ништо да не се случило. Соживувањето со емоциите на другите луѓе е толку моќна особина на скорпиите, што овие пријатели нема да можат да ù одолеат на потребата да поразговараат со својот верен пријател.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. lola Reply

    edinstveni znaci sto si odgovaraat megu sebe so vernost prijatelstvo ,pocit i iskrena ljubav beskrajni razgovori sto nemat kraj edinstveno vo sve ….stvoreni eno za drugo ,toa go dokazuvam od licno iskustvo pozzz do site sto do krajot na zivot i posakuvam samo sreka i sreka

Остави коментар