Скорпија и скорпија – љубовна комбинација

Кога две скорпии се заедно, тие креираат една жестока, бурна, страсна и интензивна љубовна врска. И двајцата се опседнати еден со друг и настојуваат нивната љубов, секс и романтика постојано да напредува, што на другите отстрана може да им изгледа будалесто. Сексуалната енергија помеѓу нив е многу интензивна, а интензивни се и нивните кавги. Оваа љубовна врска може да отиде во два правци: или ќе биде најубава на свет или ќе биде уништувачка за двајцата.Скорпија и скорпија – љубовна комбинацијаРомантичниот спој на две секси скорпии може да го извлече најдоброто од  нив. Тие ќе ја искористат нивната емоционална и интуитивна природа, за длабински да го љубат својот партнер. Решителноста и страста на двете скорпии, ќе ја одржуваат нивната врска цврста. Најмоќните и најзаканувачки надворешни сили, ќе имаат тешкотија да ја попречат среќата на неразделивиот  пар. Доколку партнерите успеат да ги скротат своите жестоки карактери, овој моќен пар може да биде фантастичен.

Планетите Марс и Плутон управуваат со скорпиите. Марс е античкиот бог на војната, кој е секогаш спремен за напад, благодарение на неговата страст, борбеност и храброст. Плутон ја контролира моќта на скорпијата, како и нејзината тенденција кон самоуништување и вербата во преродбата на човекот после смртта. Овие две планети во комбинација, им овозможуваат на скорпиите да се оправат после разочарувањата во текот на животот или трагичните загуби. Тоа е многу значајно за скорпијата бидејќи таа навистина има интензивни чувства и придава големо значење кон загубата на важни, но и на неважни работи.

Скорпијата е воден знак, па првиот инстинкт на партнерите во оваа љубовна врска, е страсно, ревносно, од длабочината на своето срце да ја возвратат љубовта на својот љубен. Доколку скорпијата реши целосно да ги изрази своите чувства кон љубениот, тоа никогаш не го прави половично, туку напротив – сака со целото свое срце. Пожелно за оваа љубовна комбинација е партнерите да ја урамнотежат нивната одмаздољубива природа, со тоа што ќе се радуваат на успесите и убавите моменти поминати заедно и брзо ќе ги забораваат неубавите работи. Скорпиите мораат да научат да опростуваат и забораваат и искрено да му кажат на својот партнер што сакаат, како се чувствуваат, што им е потребно…

Скорпиите не смеат да заборават дека потиснувањето на нивните емоции може да биде многу штетно за нивната врска, на начин што едниот партнер ќе ги придушува фрустрациите во себе, а другиот ќе се чувствува збунето, прашувајќи се што му се случува на првиот. Бидејќи и двајцата во оваа врска се многу посветени и предани љубовници, љубомората е неизбежна. Совет: бидете цврсти, храбри скорпии и надминете ја препреката со заеднички сили. Во овој пар, никогаш не се случува да има дефицит од идеи, бидејќи скорпиите не се мрзливи луѓе. Тие сакаат постојано да се активни и можат да достигнат големи работи во комбинација. Овие партнери делат талент за инвестиции и преземање ризици, кои се однапред пресметани. Скорпионскиот пар темелно ќе ја истражува и анализира секоја идеја која им се допаѓа. Кога овој пар ќе „фрли око“ на некоја награда (достигнување), тоа постанува нивно.

Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е интензитетот на љубовни емоции кои овие партнери можат да ги почувствуваат. Тие се ориентирани кон своите цели, а нивната моќ ги прави неспоредливо и непобедливо дуо. Апсолутната верност и посветеност, ја осигуруваат долготрајноста на оваа врска.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Kery Reply

    може ли да напишете за девица и лав? благодарам :)

  2. ivana Reply

    Напишете за девица и лав?? Зошто нема таква комбинација??

    • Кафе пауза Reply

      Ќе има кога ќе биде периодот на лавовите.

Остави коментар