Скорпија и риби – пријателска комбинација

Рибата на скорпијата ù е повеќе сродна душа отколку пријател. Таа е еден редок другар, кој ја прифаќа скорпијата онаква каква што е. Во суштина, токму несовршеностите на скорпијата ја привлекле рибата кон неа кога се запознале. Претставниците на знакот риби ги обожаваат маните на луѓето, бидејќи сметаат дека тие ја покажуваат човечноста во односите помеѓу луѓето.Скорпија и риби - пријателска комбинацијаОва другарство ветува дека ќе биде едно од најдобрите во животот на овие два знака. Рибата не треба да се грижи дека ќе ја покаже својата пречувствителност пред скорпијата, која има јака моќ на перцепција. Напротив, скорпијата смета дека чувствителноста на рибите е една од нивните најјаки карактерни особини. На ист начин, скорпијата не треба да се грижи дека ќе ù ги довери сите свои тајни на рибата, бидејќи таа има многу длабока почит за приватноста на својот пријател.

Овие пријатели си се потпираат еден на друг во тешките мигови, но и заедно слават кога имаат повод за тоа. Љубомората на скорпијата може да ја вознемирува рибата, на ист начин како што стравот од спротивставување на луѓето кој го има рибата, ја фрустрира скорпијата. Во секој случај, овие двајца пријатели веруваат во безусловно и искрено другарство и поради тоа нивната врска е навистина тешко раскинлива.

Рибите и скорпијата имаат интерес за спиритуалните теми, па може да обожаваат дискутирајќи за религија, филозофија, психологија и животот во модерната ера. И покрај тоа што променливото размислување на рибата може да ја иритира скорпијата, сепак тоа е една минорна работа, во споредба со сите други работи кои таа ги сака кај овој другар. Скорпијата може исто така да ја нервира рибата, со нејзиното опседнување за некоја личност во која е вљубена.

Овие безначајни иритации исчезнуваат во воздухот, кога рибата и скорпијата се вклучени во активности како одење в кино, прошетка покрај море или развивање фотографии. Овие двајца многу ја сакаат водата, поради што може да уживаат во спортови како пливање, пловење, нуркање и риболов.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Tina Reply

    Ova e tolku tocno :)) Pozdrav do moite prijatelcinja skorpii

  2. Nina Reply

    Никогаш не успеав да најдам заеднички јазик со скорпиите. ЧУдно :S Ке да е до мене :p

    • Iva Reply

      Ne e do tebe Nina, i ja ne stojam dobro so skorpiite.

  3. Panter Reply

    Ouuuu kolku e tocnoooo !!!!!!!!

Остави коментар