Скорпија и рак – љубовна комбинација

Сподели

Љубовната врска помеѓу скорпија и рак е базирана на енергичност и страст, благодарение на нивната емоционална и интензивна природа. Хороскопски знаци какви што се овие, најчесто се многу компатибилни, бидејќи силните карактерни особини на секој од партнерите, ги балансира недостатоците на другиот. Помеѓу скорпијата и ракот постои силна сексуална привлечност, а кога се заедно, температурата во собата постојано расте. Овие знаци имаат многу заеднички работи и голем потенцијал да ја одржат страста во нивната врска.Скорпија и рак - љубовна комбинацијаСкорпијата и ракот сакаат да си купуваат поклони и да создаваат комфорност во домот. Ракот е во потрага по сигурност, а скорпијата сака да се чувствува моќно. Тие во мислите се окупирани со акции, обврзници, наследства, имот и се што е поврзано со обезбедување финансиска безбедност. Тие се надополнуваат еден со друг, бидејќи и двајцата се грижат за домот и се многу лојални кон членовите на нивното семејство. Животот го доживуваат како една страсна и длабока емоционална вежба за поврзување со луѓето.

Ракот е предводен од Месечината која е симбол на неговата емотивност, додека Марс – симболот на страста и Плутон – планетата на моќта, се водилки на скорпијата. Овие два знака ја формираат основата на љубовните врски – ракот е оној кој ја негува нивната љубов, а скорпијата во неа внесува амбициозност и страст. На ракот му е важен развојот и обновувањето на работите во животот, а скорпијата ужива во страсната страна на романтиката. Скорпијата е интензивна, а ракот е привлечен од таа нејзина енергичност.

Двата знаци имаат длабоки чувства како океан кои немаат дно. Лојалноста помеѓу партнерите е на завидно ниво, бидејќи потребата од емоционална сигурност е заедничка за двајцата. Но, додека ракот ја насочува својата емоционална енергија кон негување на семејството и домот, скорпијата се обидува да ги одгатне различните нијанси во животот. Таа се обидува да открие какви тајни се кријат зад намерите на другите луѓе и колкава е нивната моќ на влијание врз туѓите емоции.

Скорпијата може да го понесе ракот со себе на своето патување под површината на нештата, во буквална смисла на зборот. Срдечниот рак за возврат, може да ја научи скорпијата да се отвори кон самата себе, притоа објаснувајќи ѝ дека чувствата не се нешто од кое треба да се плаши.

Скорпијата ја цени практичноста на ракот, а тој ужива во нејзината љубомора. За него тоа претставува доказ дека скорпијата ја цени, негува и одржува нивната љубов. Кога овие партнери имаат заедничка желба, таа секогаш се претвора во реалност. Но ако нивните ставови се спротивстават, ракот прв ќе иницира кавга, а скорпијата ќе го има последниот збор во истата. Ракот може да делува како доминантен партнер во оваа врска, но тоа не е секогаш точно. Скорпијата понекогаш намерно ја прекинува расправијата и го прифаќа ставот на ракот како објективен, сметајќи дека обидот за промена на неговото мислење е невозможна мисија.

И двата знака манипулираат со емоциите на партнерот, за да му се одмаздат. Наместо да дозволат несогласувањата и лошите чувства да ги совладаат, овие партнери мораат да дискутираат за она што ним навистина им е важно, со цел да постигнат справедлив компромис. Кога еднаш скорпијата и ракот ќе успеат да почнат да веруваат еден во друг, тие ќе можат да ги достигнат сите можни задоволства во нивната врска и да уживаат во нивната чиста љубов, базирана на лојалност и преданост. Оваа врска единствено не би успеала, во случај ако двајцата тврдоглави партнери не најдат начин да ги премостат нивните спротивставени мислења.

Кој е најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу скорпија и рак? – тоа што тие можат да бидат многу моќен и импресивен тим, ако нивните цели и мотиви се слични. Кога ракот ќе сфати дека скорпијата е тука за него на долги стази и дека нивната врска е емотивно продуктивна – оваа љубов може да цвета.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. De-Dash Reply

    mmm:)

  2. Elena Reply

    A koga ke ima skorpija i skorpija bas bi sakala da znam!!

  3. Кафе пауза Reply

    Во текот на месецов ќе биде објавена таа комбинација. Следете не :)

  4. Ilina Reply

    Многу, многу многу ми се допаѓа.
    Ќе почнам да ловам скорпии отсега хехе. :D
    Ме интересира кога ќе има за рак и стрелец? :D

  5. Кафе пауза Reply

    На почетотокот од месец декември, во периодот на стрелците :) Поздрав

  6. Dame Reply

    HM! Mora da brknam skorpija se

  7. Dame Reply

    :)

  8. Марија Reply

    A za shkorpija i jarecc ???

    • Кафе Пауза Reply

      Комбинацијата скорпија-јарец ќе биде објавена во текот на наредната недела.

  9. jelenaaa Reply

    A za vodolija-vodilija koga ke imaa??! :/ :P

  10. Lile Reply

    …pa moze da se kaze deka e to4no ama najvazno e da imaat isti motivi i celi …interesna kombinacija

  11. Daniel Reply

    a koga ke ima rak i bik?

  12. katerina Reply

    skorpija i rak mmmmmmm mi se dopaga

  13. ALEKSANDRA Reply

    LIKEEEEEEEEEEEEEEE

  14. Simona Reply

    So true..

Остави коментар