Скорпија и девица – пријателска комбинација

Скорпија и девица – пријателска комбинација

Мистериозната скорпија е тешка за декодирање, но ако некој умее да го стори тоа, тоа е девицата. Таа има мек пристап кон девицата најверојатно поради нејзината искрена желба да им помага на другите луѓе. Во однесувањето на девицата нема ништо вештачко и неприродно. Ако таа вети дека ќе му помогне на пријателот околу организација на неговиот роденден, таа ќе пристигне половина час порано, со крошна полна со храна и изобилие резервни чинии, чаши и прибор за јадење. Таквата посветеност и внимание од страна на девицата, е доволна за скорпијата да го омекне нејзиниот одбранбен систем, со кој најчесто се штити себеси од разочарувања од другите луѓе.Скорпија и девица - пријателска комбинацијаСкорпијата многу ја почитува приземноста и логичниот став, кој девицата го има кон работите. Ако неа ù е потребна консултација околу некоја работа, секогаш може да смета на девицата, која ќе ја соочи со реалната перспектива на ситуацијата. После внимателна анализа на сите аспекти, девицата ќе ù даде искрено, но тактично размислување.

Од друга страна, девицата се восхитува на специфичниот карактер кој го поседува скорпијата. Неа ја инспирира страста и интензитетот на скорпијата, бидејќи таа самата, е малку срамежлива кога станува збор за изразување на своите емоции. Со помош на храброста и поттикот од страна на скорпијата, девицата може да го пронајде начинот со кој ќе се соочи и справи со своите емоции и воедно да ја развие нејзината креативност. Така на пример, скорпијата може да ја научи девицата да ја развие нејзината љубов кон читањето книги, пишувањето или да ù побуди страст за учење математика.

Ситничарењето на девицата или народски кажано „барањето влакно во јајце“, најверојатно ќе ù оди на нерви на скорпијата. Воедно, самосожалувањето и променливото расположение на скорпијата, може да создаде нетрпеливост кај девицата. Но, таквите карактерни разлики можат да ги надминат ако ги изберат вистинските активности во нивното другарство. Заедничко посетување часови по пилатес, јога и други спортови кои вклучуваат протегање, се одлични за овие верни пријатели. Други заеднички интереси можат да претставуваат некои специфични друштвени игри кои бараат заеднички ангажман, како редењето сложувалки, правење кула од карти и слични типови забава.

На овие пријатели можеби ќе им треба подолго време за да формираат вистинско, необорливо пријателство, но сепак постои голема веројатност дека таквата блискост еден ден ќе се роди. Претпазливата девица после извесен период ќе сфати дека скорпијата поседува многу извонредни квалитети како лојалност, доследност, упорност и чувствителност.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар