Скорпија и близнаци – пријателска комбинација

Веселиот и оптимистичен карактер на близнакот е во директна спротивност со мистичниот на скорпијата. Најверојатно тоа е причината поради која таа обожава да биде во негово друштво – близнакот е мајстор за истерување на нејзините тажни мисли. Вечниот оптимизам и младешкиот дух на близнаците, ја потсетува скорпијата да погледне кон светлата страна на животот. Воедно, скорпијата секогаш успева да ја разбуди љубопитноста кај близнакот. Поради тоа, близнакот е способен да ги надмине разликите во нивниот темперамент.Скорпија и близнаци – пријателска комбинацијаСкорпијата е посесивна, а близнаците се безгрижни и слободоумни. Скорпијата се потпира на своите емоции и интуиција, а близнакот на интелектот и логиката. Скорпијата е тивка, а близнаците се дрдорковци. Во секој случај, близнаците уживаат да гледаат низ очите на емоционално длабоката скорпија. На сличен начин, скорпијата ја импресионира брзиот ум на близнакот, како и неговата досетливост и духовитост.

Константното брборење на близнакот, може на моменти да ја иритира скорпијата, а тој пак воопшто не го обожува нејзиното ненадејно повлекување и молчење. Во секој случај, двата хороскопски знака се љубопитни за тајните кои ги крие животот и обожаваат заедно да откриваат разни мистерии.

Размена на мистериозни романи, може да биде составен дел од пријателството помеѓу близнакот и скорпијата. Кога станува збор за спортските активности, овие пријатели може да уживаат во енергични активности како тркање со велосипеди или играње тенис. Од друштвените игри може да уживаат во табла, шах и игри со карти, а ако се наклонети кон уметноста, може да пробаат да сликаат со водени бои.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Дац Reply

    јас сум близнак со подзнак скорпија и потполно е точно… има моменти коа неможам да се сопрам од зборување, и ги замарам сите околу мене и понекогаш и јас сама неможам да се трпам ( тука перовладува близнак), а пак некогаш се затварам во мојот мистичен свет и никој не пуштам внатре.знам да се затворам во мојата соба и со никој да не контактирам (скорпија).
    исто е и со пријателите, а и со партнерот…

  2. j.n Reply

    Moze li da objavite prijatelska kombinacija devica-skorpija i devica-devica

Остави коментар