Скорпија и близнаци – љубовна комбинација

Кога двајца партнери родени во хороскопските знаци скорпија и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат да научат да ги почитуваат нивните разлики во карактерите. Доколку успеат во тоа, тие ќе имаат речиси нескршлива врска. Близнаците се прилагодливи, интелектуални, зборлести и дружељубиви, а скорпијата е таинствена, фокусирана, одлучна, интензивна и страсна.Скорпија и близнаци - љубовна комбинацијаБлизнакот е поедноставен и поповршен и тој најчесто не ги зема работите при срце, вклучително и неговиот љубовник. Скорпијата од своја страна, има многу длабока потреба за емоционална поврзаност и интима. Таа генерално е многу лојална кон својот партнер и е многу посветена во љубовните врски. Врската помеѓу скорпија и близнаци има тенденција да биде многу страсна, во која и двајцата партнери се многу аргументативни. Близнакот сака добра дебата, која ментално ќе го стимулира. Тој сака да шири познанства и да флертува, а таа негова карактеристика може да ја иритира љубоморната и посесивна скорпија.

Наспроти нивните различности, ова сепак не е досадна врска. Двата знака сакаат да ги искористуваат приликите во животот и да ги „зачинат“ со цел да им биде поинтересно. Тие можат да поминат многу авантуристички моменти заедно, но ако нивниот однос стане премногу напнат и нивните караници заземат негативен правец, партнерите ќе мораат да направат напори да се запрашаат дали доволно ја ценат нивната врска и дали сакаат љубовта помеѓу нив да трае.

Близнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникација, а скорпијата од планетите Марс (страст) и Плутон (моќ). На скорпиите генерално им е многу важна емотивната блискост и поврзаност со партнерот. Нив им е потребен постојан доказ дека нивниот љубен ја вреднува врската, колку што тие самите ја вреднуваат. Благодарение на одличните комуникациски способности на близнакот, тој не би требало да има проблем да ѝ ја искаже на скорпијата својата посветеност во нивната врска. Тоа ќе биде случај, само доколку близнакот навистина се чувствува емотивно приврзан со скорпијата. Во спротивно, близнаците не можат и нема да глумат приврзаност која не ја чувствуваат, па затоа страсната скорпија ќе мора малку да се повлече и да престане да го притиска. Близнаците единствено ќе се „врзат“ во сериозна врска, доколку ја имаат потребната слобода самите да одлучат што сакаат, а не да бидат присилени на тоа.

Скорпијата е неверојатен стратег. Ако треба некоја одлука да биде донесена или некоја работа да биде завршена, таа може да му помогне на својот расеан близнак да се фокусира на најдобрите можни опции. Близнакот за возврат, може да ја научи скорпијата да почне помалку психички да се заморува со неправедните ситуации во кои таа напорно се трудела да постигне одредена цел, а чии резултат испаднал спротивен на нејзината волја и интерес.

Кога умеат да соработуваат, скорпијата и близнаците можат да бидат одлична унија сочинета од интелект, емоции, разум и срце. Од друга страна, емоционалните манипулации на скорпијата може да ја обесхрабрат природната енергија и ентузијазам на близнаците. Воедно, длабоките емоции на скорпијата за близнакот може да бидат вознемирувачки, напорни и неочекувани. Скорпијата е постојана, а близнакот променлива личност. Близнаците сакаат да прават некои работи, само ради ќеф и стекнување ново искуство, додека скорпијата речиси секогаш има некаков план и прикриен мотив на ум.

Скорпијата може да ја насочи нејзината концентрација и решителност, кон подучување на близнакот првин да ги завршува започнатите работи, пред да влета во некое ново искуство. Близнакот е оној кој умее правилно да резонира и да донесува заклучоци, а скорпијата ја носи со себе својата здрава сексуална привлечност, емоционалност и страст. Кога овие двајца партнери ќе сфатат дека комбинацијата од нивните карактери може да биде многу интересна, ќе можат обострано да уживаат во нивната задоволувачка љубовна врска.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. МАРИНЕЛА Reply

    ЈАС И МОЈОТ СОПРУГ СМЕ БЛИЗНАК И СКОРПИЈА И ДА БИДАМ ИСКРЕНА СЕТО ОВА Е ТОЧНО. ВО ВРСКА БЕВМЕ 5 ГОДИНИ А ЗА НЕКОЈ МЕСЕЦ КЕ БИДЕМЕ ЕДНА ГОДИНА ВО БРАК. НАЈВАЖНО ОД СЕ Е ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ КАКО И ВЗАЕМНОТО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЖЕЛБИТЕ. ДОВЕРБА И САМО ДОВЕРБА.

  2. Даниела Reply

    А ЗА КОМБИНАЦИЈАТА СКОРПИЈА – БИК????

  3. Кафе пауза Reply

    Таа комбинација е веќе објавена. Повелете линк: http://www.kafepauza.mk/astrologija/skorpija-i-bik-ljubovna-kombinacija/

  4. Даниел Reply

    А скорпија-девица?

  5. Кафе пауза Reply

    Епа тоа е следната комбинација на ред. Нареднава недела ќе можеш да ја прочиташ Даниел. Поздрав :)

  6. Sanja Reply

    a skorpija so strelec???? pozdrav :) fala odnapred

  7. Кафе Пауза Reply

    Во понеделник ќе излезе комбинацијата скорпија- стрелец :)

  8. katerina Reply

    jas i mojot soprug sme bliznaci podznak bliznaci i skorpija podznak skorpija pa vie zamislete,den i nok ,jas sakam zabavi ,toj domasna atmosfera,jas igra toj sedenje na krajot od barot,no sepak funkcionirame super i mislam deka ne smetaat za mnogu interesen par

    • елена Reply

      jas i decko mi sme slicni: bliznaci so podznak bliznaci i skorpija so podznak lav . jas sakam da igram i zabavuvam, dodeka on povekje saka doma da si sedime i pizza da naracame :). negativnoto e toa sto cesto se karame., duri i po nekolku saati znaeme da debatirame..isto jas sum mnogu ljubomorna i nemam doverba vo nego bidejki mi smeta toj negov “naiven” flert… pretpostavuvam i kaj vas e slicno. kako go nadminavte toa?

  9. elena Reply

    aj ve molam skorpija – jarec kombinacija :)

  10. Zivko Reply

    Vodolija so vodolija

    • Zivko Reply

      ve molam kazetemi kombinacijata vodolija sa vodolija

  11. Keti Reply

    a bliznaci i rak?

  12. Martina Reply

    aj ve molam LAV I RAK kombinacija ? ? :)

    • Соња Reply

      Ve molam RAK i LAV :):):)

  13. sanja Reply

    ve molam rak i bliznaci kombinacija ako moze :))

  14. Име Reply

    ve molam oven i bliznaci 😀 ako e mozno

  15. marija Reply

    aj ve molam bliznaci i rak …. :))

  16. ninaa Reply

    bliznaci i rakkkkk… :)

  17. andrej Reply

    ako moze bliznaci i lav

  18. sanja Reply

    AJ ve molam bliznaci i rak ako moze .. :)

  19. Zivko Reply

    aj ve molam vodolija i vodolija

  20. Zivko Reply

    aj ve molam jarac i vaga

  21. Zivko Reply

    ajde ve molam kazetemi za jarac i vaga toa e za moi deca

  22. Mia Reply

    Uff imav vrska so skorpija, a ja sum bliznakk znaciii, ne mi se slucilo taka da se zaljubam i da se izgubam, znaci definitivno STRASTA I PRIVLECNOSTA sto nikogas ne ja stavam na prvo mesto, mi beshe vo vrskava BROJ EDEN. ednostavno taka tecea rabotite. moram da kazham deka preteran magnetizam imashe megju nas, no kavgite bea neizbezni, radi toa sto so sigurnost razlicna priroda imame. megjutoa koa dovolno se saka sve se mozhe, samo nie bliznacite morame da sme povnimatelni so skorpiite bidejki tie emocionalno gi dozivuvaat rabotite, a nie umstveno. megjutoa jas se vadev od takt koa decko mi skorpija ne probuvase da ja svati mojata priroda, deka sakam zabava, lugje, ednostavno sekoja rabota skorpiite gi dopira ako se zaljubat. taka da treba mnogu vnimatelno so skorpija, no bi bilo mnogu dobro dokolku i tie svatat deka bliznakot e edna mnogu strastvena osoba sto znae iskreno da saka koga ke najde coek sto e dostoen za nivnata inteligencija i deka treba da naucat kako da ja iskontroliraat ljubomorata koja sto definitivno unistuva se. edna od najgolemite raboti sto mi smetaat kaj skorpiite e toa. preterano e izrazena

Остави коментар