Скорпија и бик – пријателска комбинација

И покрај тоа што бикот и скорпијата се спротивни знаци, тие сепак можат да оформат одлично пријателство. Скорпијата секогаш може да му ги довери тајните на бикот, а тоа не е мала работа за приватна личност каква што е таа. Точно е дека бикот понекогаш може да изгледа тотално нечувствителен во врска со потребите на скорпијата, а таа пак обрнува многу малку внимание на потребата на бикот за чувство на комфорност. Но, скорпијата мора да признае дека бикот од друга страна поседува голема смисла за хумор и може да ù помогне да се изнасмее до солзи, кога додека би била сама, најверојатно би плачела. Од друга страна, несекојдневната интуиција која ја поседува скорпијата може да му помогне на бикот да не прави лоши грешки, особено на љубовно поле.Скорпија и бик – пријателска комбинацијаНа бикот не му се допаѓа кога скорпијата избегнува да стори нешто, а на неа па не ù се допаѓа тоа што бикот има недостаток од љубопитност. Сепак, двата знака поседуваат квалитети во карактерот на кои меѓусебно им се воодушевуваат. На пример, скорпијата ја обожава откачената смисла за хумор која ја има бикот, а тој се импресионира од моќта на перцепција која таа ја поседува. Бикот ја почитува приватноста на скорпијата, а таа аплаудира на финансиската стабилност која тој умее да си ја овозможи. Бикот копнее по страста на скорпијата, а таа му се восхитува на лежерниот поглед кон работите кој тој го има. Доколку бикот може да го издржи манипулативното однесување на скорпијата одвреме-навреме, тогаш и скорпијата ќе ја игнорира неговата непоправлива тврдоглавост.

Бикот и скорпијата уживаат во енергични и исцрпувачки спортови како дигање тегови, веслање и секаков спорт кој добро ќе ги испоти и измори. Обожаваат заедно да гледаат филмови, да танцуваат во дискотека, па дури и да готват, бидејќи со ваквите активности тие успеваат да ги „израмнат“ големиот број разлики помеѓу нивните карактери.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар