Скорпија и бик – љубовна комбинација

Љубовната врска сочинета од партнери родени во знаците скорпија и бик е страсна, длабока и интензива, на позитивен или негативен начин. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што го прави нивниот однос специјален и комплексен. Овие партнери се како две половини кои формираат една целина, бидејќи секој од нив ги балансира недостатоците на другиот. Сексуалната привлечност помеѓу нив двајца е многу голема.Скорпија и бик - љубовна комбинацијаБикот и скорпијата имаат многу заеднички интереси, но поради нивните моќни карактери, може да се случи страсната љубов да се претвори во страсно несогласување. И двата знака имаат длабоки желби – бикот за богатство, а скорпијата за моќ. Обајцата се заинтересирани за создавање богатство и стекнување вештини и ги извршуваат своите работи со голема страст. Бикот е малку повеќе насочен кон себеси за разлика од скорпијата, која е секогаш заинтересирана за својот љубовник и за градењето семејство во иднина. Двајцата имаат голема, длабоко вкоренета потреба да се чувствуваат сигурно во врската, но нивниот фокус е различен. Скорпијата сака да се чувствува безбедно во врската, во смисла да биде сигурна дека во секој момент емоционалната поврзаност со нејзиниот партнер е цврста. Добрата ствар е дека и на бикот му е потребна таквата гаранција за да се чувствува спокојно и е желен да ѝ ја овозможи на својата скорпија.

Додека бикот ја цени искреноста и отвореноста, а ја презира прељубата, скорпијата сака да биде мистериозна. Бикот е предводен од Венера (љубов и пари), а скорпијата од Марс (страст) и Плутон (моќ). Комбинацијата од влијанијата на планетите го прават ова љубовно партнерство многу длабоко, страсно и цврсто, во кое постои прекрасен баланс од мажествена и женствена енергија. Скорпијата и бикот ја формираат основата која е потребна за сите љубовни врски – љубов и страст. Бикот ја цени убавината на романтиката, а скорпијата ја обожува страста на романтиката.

Скорпијата го потиснува гневот во себе и често се чувствува напнато. Тоа ја прави неверојатно секси, а бикот како сензуален и неуморен љубовник, е привлечен од нејзиниот интензитет. Од друга страна скорпијата ужива во посветеноста и преданоста на бикот во врската. Чувствата на скорпијата се длабоки и разбранувани како океан. Кога таа е повредена од својот љубовник, тој подобро да се пази од нејзината отровна опашка, со која ќе го боцне без никакво предупредување.

Добра вест е што овие два знака се многу лојални еден кон друг. Но, додека бикот е директен и го кажува она што го мисли, скорпијата е често таинствена и несфатлива за него. Како пар, бикот и скорпијата можат меѓусебно да се научат за спротивставените погледи кон светот – јасен наспроти комплексен. Друг фактор кој додава извонредна привлечност на оваа комбинација, е тенденцијата на двата знака да бидат прилично љубоморни. Бикот обожава кога скорпијата ја демонстрира нејзината љубомора, бидејќи тоа за него претставува знак дека таа го почитува и љуби. И скорпијата и бикот се прилично тврдоглави и откако еднаш ќе донесат некоја одлука – не се колебаат. Да се надеваме дека нивните умови ќе се согласат, бидејќи во спротивно тие ќе се борат за она што го сакаат како ниедни други два астролошки знака и никој од нив нема да попушти.

Бикот најчесто преовладува како доминантен партнер. Но тоа не е секогаш случај. Скорпијата на позаобиколен начин може да го „победи“ бикот, манипулирајќи ги неговите чувства, за да го добие тоа што го сака. Овие партнери мора да научат да дискутираат за нивните различни гледишта и да настојуваат да постигнат компромис, доколку сакаат долго да уживаат во нивното љубовно гнездо. Колку врската ќе издржи, во најголем дел зависи од способноста на скорпијата да научи да му верува на бикот. Нивната врска единствено нема да успее доколку тврдоглавите, самоуверени и драматични партнери не успеат да ги надминат нивните спротивставени ставови.

Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу скорпија и бик, е нивната блескаво моќна конекција, која двајцата партнери може да ги направи многу среќни, доколку успеат да најдат начин да ги надминат бариерите во нивната блискост. Кога скорпијата ќе сфати дека бикот е тука за неа на долги стази и нема да ѝ го направи животот мизерен – оваа врска ќе може да цвета.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. aleksandra Reply

    vistinaaa………..

  2. Scorpy Reply

    Agree ;)

  3. saska Reply

    neverojatno no vozmozno-kombinacijata na nasiot sreken brak e tokmu vo seto ova sto e napisano :-))))) <3 <3 <3

  4. eka Reply

    bravo be…………epten e taka!

  5. ace Reply

    pa ,coekov nas ne poznava vo sustina.

  6. sandra Reply

    se e tocno samo sto ne uspeaa da me razbere

  7. stejsi Reply

    Potocno nema!

Остави коментар