Скорпиите и нивните позитивни и негативни страни кога станува збор за љубовта

Скорпиите и нивните позитивни и негативни страни кога станува збор за љубовта

Скорпиите важат за најстрасниот знак во зодијакот. Тие се страсни кога се лутат, кога работат, но и кога љубат. Токму поради нивните силни емоции, љубовната врска со нив може да наликува на возење на луда железница. Нивната опсесивност и љубомора може да ви бидат одбивни, но од друга страна, пак, нивната безусловна љубов е бесценета. Моќта што ја поседуваат е за восхит и е исто толку привлечна колку и застрашувачка. Доколку ви се допаѓа некој роден во знакот Скорпија, пред да започнете љубовна врска, имајте ги на ум следниве негови позитивни и негативни страни…

Скорпиите и нивните позитивни и негативни страни кога станува збор за љубовта

ПОЗИТИВНИ СТРАНИ

Тие се неверојатно страсни

Тие навистина знаат како да ја покажат љубовта. Ќе гледаат да ја искористат секоја можна прилика за да ве гушнат и допрат. Не се изненадувајте доколку ненадејно ве нападнат со страсни бакнежи во јавност.

Сексот е неверојатен

Со нив сексот никогаш нема да ви биде здодевен. Тие знаат како да ја одржуваат страста помеѓу чаршавите и секогаш ќе ве изненадуваат со некоја нова техника или играчка. Бидете отворени кон нови искуства и прифаќајте ги нивните сексуални предизвици.

Секогаш ќе ве заштитуваат

Скорпиите се многу лојални и тие секогаш ќе бидат на ваша страна. Никогаш нема да дозволат некој да каже лош збор за вас во нивно присуство и ќе ве бранат до самиот крај.

Многу се одлучни

Скорпиите не играат игри бидејќи многу добро знаат што сакаат. Со нив секогаш ќе знаете на што сте: Доколку им се допаѓате, нема да ве остават на мира, но ако почнат да губат интерес, веднаш ќе го почувствувате тоа бидејќи тие не знаат да ги кријат нивните емоции.

Нивната љубов е 100% вистинска

Припадниците на овој знак никогаш нема да ви бидат неверни, ниту, пак, ќе им залута погледот на друго место. Кога Скорпиите сакаат, тие се многу фокусирани на една единствена личност и во нивните мисли нема простор за никој друг. Толку се посветени што ќе ве остават без зборови.

Никогаш нема да ви биде здодевно

Таман ќе помислите дека сте ги запознале целосно, тие ќе ве изненадат со неочекуван пресврт. Со Скорпиите секогаш ќе ви биде интересно и возбудливо, бидејќи тие секогаш сакаат да пробуваат нови работи и се големи зависници од адреналин.

Ќе остварите неверојатна интимност

Скорпиите сакаат да се поврзат на сите можни нивоа со личностите кои им значат. Со нив ќе доживеете длабока интелектуална, емоционална и духовна поврзаност. Никогаш нема да можете да остварите толку силна конекција како онаа што ќе ја остварите со Скорпијата.

Скорпиите и нивните позитивни и негативни страни кога станува збор за љубовта

НЕГАТИВНИ СТРАНИ

Караниците со нив се неподносливи

Верувајте дека не сакате да си имате работа со налутена Скорпија! Сепак, караниците се неизбежен дел од секоја врска, па така нормално дека ќе дојде и до таква ситуација. Скорпиите никогаш нема да ви попуштат и воопшто нема да ги одбираат зборовите, туку ќе гледаат да ве повредат на најбрутален можен начин.

Нема да ви дозволат да им помагате

Кога сакате некого, нормално дека чувствувате потреба да се грижите за таа личност. Супер е да се има независен партнер, но Скорпиите навистина не дозволуваат никој да се грижи за нив. Поради тоа, можно е да се почувствувате несакано и непотребно.

Посесивни се

Тие многу сериозно ја сфаќаат љубовта и интимноста. Во нивното срце нема место за никој друг, па така никогаш нема да дозволат вие да направите место во вашето. Тоа може да делува слатко понекогаш, но всушност се граничи со лудост.

Никогаш нема да можете да ги излажете

Не се ни обидувајте да излажете Скорпија. Ниту белите лаги не се прифатливи. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите во љубовна врска со Скорпија. Без оглед на сѐ, најдобар избор е да ја кажете вистината, бидејќи тие веднаш ќе ве прочитаат и ќе ве натераат да зажалите за сѐ што сте направиле. Скорпиите се од оние луѓе кои поставуваат прашања на кои веќе ги знаат одговорите.

Параноични се

Скорпиите имаат проблем со стекнувањето доверба, така што воопшто не е чудно што се толку параноични. Понекогаш нивниот сомнеж е оправдан, но честопати не е. Доволно е само да се запознаете со момче или девојка кои се успешни имаат убава насмевка и Скорпиите веднаш ќе ја преземат улогата на детективи и ќе истражат сѐ за нив до најситни можни детали.

Тешко се отвораат

Со оглед на тоа што Скорпиите се многу независни, мистериозни и имаат проблеми со довербата, доколку сакате нешто да извлечете од нив, со среќа! Тие никогаш нема да ви откријат детали за нивното детство, нема да ви ги откријат нивните стравови и слабости. Ќе ви треба многу време и трпение за да дознаете најосновни работи за нив.

Можат да ве остават без око да им трепне

Доколку сфатат дека не ве сакаат повеќе, без разлика дали се работи за жестока караница, неверство или непочитување, ќе ве остават и нема да се вратат назад. Секогаш се ставаат себеси на прво место, така што нема да си ги жртвуваат сопствените нерви за некој друг. Ако на врската ѝ дојде крајот, безмилосно ќе заминат и не надевајте се дека ќе можете да останете пријатели. За нив ќе бидете само безначаен познајник со кого ќе разменуваат учтиво „Здраво“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар