Што треба да знаете пред да се заљубите во независната Водолија?

Што треба да знаете пред да се заљубите во независната Водолија?

Кога станува збор за љубовта, Водолиите се навистина чудни суштества. Тие се идеалисти што веруваат во вистинска љубов и постојано се во потрага по партнер што истовремено ќе им биде и најдобар пријател и сродна душа. Од друга страна пак, со нивниот знак владее независноста, па тие ја чуваат по секоја цена и понекогаш тешко им е да се препуштат во врска иако чувствуваат голема љубов.

shto-treba-da-znaete-pred-da-se-zaljubite-vo-nezavisnata-vodolija-www.kafepauza.mk

И покрај тоа што имаат илјадници пријатели, покрај кои се многу опуштени, кога станува збор за љубовните партнери, тие знаат да бидат малку невротични и непредвидливи. Понекогаш тешко им е дури и да се држат до тоа што го сакаат, бидејќи нивното расположение многу брзо се менува. Како знак што е под водство на Уран, планетата на изненадувањата и неочекуваните предизвици, многу Водолии можат да донесат одлука едноставно да стапат во брак без никакво предупредување и потоа да се разведат исто толку брзо и ненадејно.

Што е проблемот со нив како партнери? Тие можеби изгледаат како сосема нормални момци и девојки, но сепак се многу ексцентрични суштества. Тоа што го гледате однадвор, најчесто воопшто не се согласува со нивната внатрешност, па така можете да помислите дека се лесни и површини, иако реалноста е дека се вистински визионери, со комплицирани карактерни слоеви – поради што најчесто се чувствуваат како никој да не ги разбира. Ова неретко ги води кон одбирање помалку квалификувани партнери од нив, за да избегнат да бидат сами.

Бидејќи имаат потреба од многу слобода, тие често се привлечени од врските на далечина. Неконвенционалните начини на живеење се исто така чести во нивните романси, па се случува да се вселат со својот партнер, но да го задржат претходниот стан за кога ќе имаат потреба од самотија и простор за себе. За нив многу е поважно вистински да се поврзат со партнерот одошто да го гледаат секојдневно.

Како бунтовнички знак, Водолиите уживаат во добра контроверзија, па тие неретко ги шокираат луѓето само за да ја видат нивната реакција. Но кога станува збор за љубовта, мора да се смират доколку сакаат да го задржат партнерот покрај себе. И покрај тоа што секогаш треба да ја одржуваат независноста, сепак не треба да се плашат да пуштат корења и да ја дознаат убавата страна на сигурноста во љубовната врска.

5 причини зошто Водолиите се најдобрите љубовни партнери!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар