Што открива хороскопот за неговите сексуални желби?

Астролозите тврдат дека сексот кој вашето момче го посакува, е директно поврзан со неговиот хороскопски знак. Без разлика дали верувате во ова или сметате дека е тотално неточно, сепак е забавно да прочитате што знакот на мажот во вашиот живот, зборува за неговите сексуални потреби.

Што открива хороскопот за неговите сексуални желби?

Овен

Тој обожава жесток и брз секс. Откинете ја облеката од неговото тело и започнете ја дрската предигра уште во истиот момент кога ќе влезе низ вратата. Со ваквиот пристап, преку кој му покажувате дека ви е потребен токму во тој момент, ја зголемувате неговата самодоверба и сладострасност.

Бик

Биковите се многу визуелни луѓе, па затоа тој би подивил доколку пред себе има провокативна и сензуална глетка. Однесете го до работ на задоволството играјќи му малку стриптиз, полека откривајќи му ја вашата секси црно-розова долна облека.

Близнаци

Тој копнее по непристоен разговор како предигра за одличен секс. Валканите муабети ќе го здиват. Додека е исполнет со сексуална енергија, кажете му колку многу го посакувате или опишете му како точно се чувствувате во моментот.

Рак

Тој сака длабок, емотивен секс. Копнее да се чувствува блиско и поврзано со вас додека го прави тоа. Обидете се со секс-позата „лажица“ (двајцата лежите на кревет, а тој е легнат зад вас, паралелно на вашето тело). Тоа е интимна секс поза, која ги притиска неговите копчиња.

Лав

Тој сака бавно да му ги распалувате страстите. Соблечете ја вашата долна облека уште во текот на вечерата и пикнете му ја во џеб. Задевајте го, играјте интересни секс-игри и тој нема да се одлепи од вас цела вечер.

Девица

Машките девици сакаат маратонски секс. Обожава долго да води љубов, при што сите негови сетила ќе се разбудат. Ова значи дека секси музика и многу предигра му се секогаш добредојдени.

Вага

Овој маж копнее по утринска љубов. Разбудете го од спиење, играјќи си со неговото тело користејќи ги вашите усни, јазик и раце. Полудете го со утрински орален секс, до моментот кога ќе забележите дека го достигнува врвот и почнува да ве моли за повеќе.

Скорпија

Бавниот, сензуален секс ја раздвижува крвта во неговото тело. Тој ќе обожава да ве заведува и не му пречи со часови да ужива во сексуалниот чин, интензивно доживувајќи ја секоја воздишка, возбуда и емоција.

Стрелец

Авантуристичкиот стрелец навистина обожава спонтан, неочекуван секс. Па затоа, додека спокојно си гледа телевизија, полека приближете му се и започнете да ги допирате неговите чувствителни машки делови од телото. Неочекуваноста на ситуацијата, ќе го наполни неговото либидо како никогаш порано.

Јарец

Овој дечко ја обожава сензуалноста од комбинирање вкусна храна и врел секс. Истурете чоколаден прелив врз вашето голо тело и дозволете му да го излиже од вас.

Водолија

Уникатните водолии имаат оригинален поглед кон сексот, како што имаат кон сѐ друго во животот. Задоволете ја неговата перверзна визија, полека соблекувајќи се пред неговите очи, а потоа почнете да се самозадоволувате. Ваквата глетка инстантно ќе ги растресе неговите колена, а набргу ќе дојде да ви се придружи.

Риби

Овој маж ќе го полудите доколку вкочането гледате во неговите очи, во моментот додека доживувате оргазам. Тој обожава да гледа во вашето лице додека сте во сексуална екстаза, бидејќи тоа прави да се чувствува близок со вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар