Што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?

Денот на вљубените е навистина чуден празник. Никој нема да ви каже ништо ако решите да не го славите Божиќ или Велигден, но со овој празник приказната е друга. Бидејќи Денот на вљубените ги истакнува нашите љубовни животи, многу луѓе чувствуваат притисок дека треба да го скријат нивното вистинско мислење за овој ден. Па, ако сакате да знаете што некој мисли за овој празник, можеби астрологијата ќе ви помогне во тоа.

Што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?

Овен: Се надеваат дека ќе му подарите искуство

Желбата на Овните за авантура постои и на Денот на вљубените. Овие луѓе сакаат нови искуства наместо традиционални подароци. Па, оставете ги кутиите во форма на срце и сентименталните картички дома.

Бик: Не сакаат премногу внимание

Девојките Бикови сакаат да го прославуваат Денот на вљубените, сè додека не претерате. Големите љубовни гестови се добри, но за нив поважна е личната поврзаност.

Близнаци: Прифаќаат сè

Најдобрата одлика на Близнаците е нивната способност за прилагодување. Тие ќе прифатат каков било предлог, па дури и да го прескокнете прославувањето. Едноставно не го сфаќаат Денот на вљубените премногу сериозно и не знаат зошто се крева толкава врева околу него.

Рак: Се надеваат на вистинско прославување

Емоционалниот знак тајно се надева на вистинско прославување на овој празник. Тие сакаат балони во форма на срце, ливчиња од рози и чоколадо.

Лав: Планираат нешто посебно

Лавовите се познати по нивната верност и љубов, па Денот на вљубените го гледаат како можност да ги покажат тие чувства. Наместо да чекаат од партнерот, голема е веројатноста тие да испланираат нешто.

Девица: Мислат дека е најдобро да си ги зачувате парите

За практичните Девици е сосема во ред да не го прослават празникот. Не гледаат причина зошто да трошите пари на цвеќе кое на крајот секако ќе овене.

Вага: Очекува изненадување

Вагите го следат своето срце, па без разлика дали признаваат или не, Денот на вљубените е важен празник за нив. Навистина се надеваат на изненадување или на некој романтичен гест.

Скорпија: Попрво би го поминале денот во кревет

Страсните Скорпии не го презираат овој празник, но радо би го поминале на грб… и во неколку други интересни позиции.

Стрелец: Возбудени за прославување со партнерот

Оптимистичните и забавни Стрелци не се „луди“ по романтиката на Денот на вљубените, но ја ценат можноста да го поминат денот со оние кои ги сакаат, без разлика дали тоа е партнерот или пријателите.

Јарец: Мислат дека Денот на вљубените е заговор

Јарците се убедени дека овој празник е создаден за трошење пари. Па, баш и не сакаат да го прославуваат. Во ред е да ги однесете на вечера, но не очекувајте да се израдуваат на кадифеното мече.

Водолија: Повеќе би сакале да го прослават „Денот на пријателите“

Не дека Водолиите не уживаат во романтиката, но тоа едноставно не е нешто за нив. Сепак, никогаш нема да одбијат прилика за прослава со пријателите. Па, на 14-ти февруари повеќе сакаат да го прослават Денот на пријателите.

Риби: Сакаат да даваат подароци

Никој нема несебично срце колку Рибите кои навистина го сакаат Денот на вљубените. Омилениот дел им се подароците, но не оние што ќе ги добијат, туку оние што тие ќе ги подарат. Истото важи и за сите други празници и прослави каде што се вклучени дарувања.

Дознајте и кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Cvetin Kalinovski Reply

    Оток сте со овој ден на вљубените. Има и кај муслиманите таков па никој не го спомиња. Ние не сме католици. Ние сме или православни или муслимати (во малцинство). На тој ден кај нас е св Трипун, и никому во Рим не му е гајле за тоа. А нашите медиуми види што анализа напраиле, селектирана по хороскопски знаци.

Остави коментар