Самостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!

Самостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!

Жените родени во овој знак ја обожаваат својата слобода. Тие се храбри и силни. Секогаш го прават она што сметаат дека е правилно и никогаш не им веруваат слепо на другите луѓе. Тие на прв поглед делуваат опасно и строго, но откако ќе ги запознаете подобро, ќе сфатите дека се работи за жени кои вреди да ги имате покрај себе. Станува збор за жените Скорпии!

Самостојни и лојални: Жените родени во овој знак ќе ви го исполнат животот со страст и задоволство!

Жените Скорпии се многу лојални и стабилни. Верноста им е многу важна во животот и тоа е особината што најмногу ја ценат кај другите луѓе. Секогаш можете да ѝ верувате на жената родена во овој знак. Таа никогаш нема да ви даде лажни ветувања. Жените Скорпии се многу самостојни и не им треба никој да ги чува и заштитува.

Припадничките на овој знак многу добро знаат што сакаат во животот. Тие се амбициозни, а кога ќе си постават некоја цел, храбро и одлучно се стремат кон неа, без да се откажат толку лесно. Жените Скорпии секогаш донесуваат мудри одлуки. Тие се свесни дека ги поседуваат способностите што можат да ги однесат таму каде што сакаат да бидат, па затоа никој не може да ги поколеба.

Ништо не може да им побегне на жените Скорпии, бидејќи се многу остроумни и ги забележуваат и најситните детали кои потоа ги поврзуваат и ја градат големата слика. Многу добро ги проценуваат луѓето и ситуациите, така што нема смисла да се обидувате да ги измамите или да се претставувате лажно пред нив. Слободно може да се каже дека жените родени во овој знак имаат силни интуитивни способности.

Жената Скорпија е полна со страст за сите работи што ги прави. Кога ќе се вљуби во некого, таа ќе даде сѐ од себе за да го направи саканиот среќен. Но, доколку некој им згреши нешто, веднаш ќе почувствува на своја кожа зошто не е паметно да си поигрува со Скорпиите.

Скорпијата е дефинитивно најстрасниот знак во Зодијакот, без разлика дали се работи за маж или жена. Припадниците на овој знак се неверојатно добри љубовници кои имаат вроден сексуален инстинкт. Скорпиите обожаваат див секс во необични пози и на чудни места, бидејќи ги возбудува сѐ што е ново и непознато.

Жените Скорпии ја обожаваат секси долната облека и секогаш „паѓаат“ на момци кои се обвиени со доза на мистерија. Тие сакаат да откриваат и освојуваат, па затоа не ги интересираат оние кои се „нудат себеси на тацна“.

Кога ќе го пронајдат идеалниот партнер, тие се вљубуваат длабоко и искрено. Сакаат да им угодуваат на саканите, особено во кревет. Сексот е многу важен дел од животот на Скорпиите. Нивната посветеност гарантира незаборавни моменти преполни со страст и задоволство.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за Скорпиите, прочитајте зошто вреди да се напише книга за жената родена во овој знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар