Романтичен хороскоп

После една година, Кафе пауза повторно ве изненадува со комбинации од вашата омилена категорија – астрологијата. Овој пат темата е жешка – љубов, секс и романтика!

Астрологијата открива фасцинантни факти за вашата сексуалност и за вашата романтична компатибилност со некоја друга личност. Кои се вашите романтични потреби и сексуални нагони? Кои се потребите на вашиот партнер? Како да дознаете дали тој или таа ве смета за привлечни?

Хороскопскиот знак открива многу за сексуалната енергија којашто ја поседува една личност, а романтичните комбинации кои со задоволство ви ги подготвивме, ќе ви кажат како таа се сложува со енергијата на посебната личност во вашиот живот, која ви го скокотка срцето. Споредете ја вашата, со енергијата на потенцијалниот партнер и дознајте дали вашата љубов ќе процвета или ќе наиде на препреки. Блокадата во вашите енергии, најчесто не резултира ни со добар сексуален живот.

Кликнете на сликава за да започнете со читање на вашата романтична компатибилност со некои од вашите пријатели на Фејсбук.Романтичен хороскоп

Притиснете „старт“ а потоа одберете го вашиот партнер од паѓачкото мени, со впишување на името во пребарувачот или со клик врз неговата или нејзината профил слика. Доколку ви се отвори календар, ќе треба да го одберете датумот и месецот на раѓање на партнерот.

Комбинацијата не е јавна! Ја читате само вие, а доколку сепак сакате да го известите вашиот партнер, со притискање на копчето „извести“ ќе му/ѝ испратите лично известување за вашата романтична компатибилност. Од друга страна, со копчето „сподели“ не им откривате ништо на вашите Фејсбук пријатели, освен дека сте си читале некаков приватен романтичен хороскоп. Со копчето „покани“, можете да им испратите покани на вашите пријатели да се забавуваат и тие, правејќи си астролошки комбинации, а на копчето „нова комбинација“, можете да ја проверите вашата романтична магија со некој друг/а партнер/ка.

Тимот на кафе пауза им се заблагодарува на авторите Симона Ристоска, Моника Трајковска, Петар Тодоровски и Александра Чакаровска, за помошта при пишувањето на огромниот број хороскопски комбинации. :)

Фала и на „ИМ“ кои беа многу трпеливи со нас при изработката на апликацијата.

За да се засладите со овој интересен хороскоп, ви нудиме само мал дел од жешките информации кои се скриени во овие многубројни астролошки комбинации:

„Оваа комбинација е врвно страсна, интензивна и емоционална. Уште на првиот состанок, овие двајца најверојатно почувствувале неверојатно моќна и мистериозна телепатска врска. Додека водат љубов, овие двајца се чувствуваат како да се на друга планета. Тие се ставаат во еден хипнотичен транс додека имаат секс“. (маж-риби + жена-скорпија)

„Нивниот секс може двајцата да ги трансформира, а нивната љубов ќе им го одзеде здивот. Бавниот и привлечен сексуален танц во кој можат да уживаат мажот и жената бик, е неверојатен.

Тие уживаат во раскошни, луксузни работи, но секогаш се и спремни напорно да работат за да си ги овозможат. Перфектниот љубовен состанок според нив вклучува масажа, јадење вкусни чоколатца во кревет и задоволување еден со друг, цела вечер!“ (жена-бик и маж-бик)

„Овие двајца честопати ќе се чувствуваат несигурно и збунето во врската, но едно е сигурно – во сексот ќе бидат бестрашни, смели, драматични и максимално возбудени. Мажот-лав ќе обожува да ѝ се покажува и докажува на неговата дама во кревет, а таа за возврат ќе му ја подари сета нејзина нежност и ќе му покаже внимание, додека тој го изведува неговиот сексуален перформанс“. (маж-лав и жена-рак)

А колку потенцијал за романтика имаат вашите хороскопските знаци? Притиснете СТАРТ и дознајте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Михаела Јовановска Reply

    а што ако немаме FB account? Сигурна сум дека апликацијата е прекрасна, но е ограничена само за оние кои што имаат ФБ профил…

  2. Angie Reply

    нешто не е во ред со апликацијата, ме дава како јарец, а водолија сум …

    • Виктор Милевски Reply

      На кој датум сте родени?

  3. верверица Reply

    Ми се допаѓа! Браво! :)

  4. jase Reply

    vaga-ribi….proveriv i se e tocno onaka kako sto e napisano :)

  5. sunshine Reply

    sigurno li ne izleguva izvestuvanje na oznaceniot, osven ako ne pritisnes izvesti? :)

  6. Edna ama Vredna ;) Reply

    toj za kogo sakam da vidam nema facebook, ke moze li da mi kazete sto pisuva za kombinacijata “zena rak + maz bliznaci” :)

    • Кафе пауза Reply

      За жал не можеме да ви го пренесеме текстот од комбинацијата, но можеме да ви предложиме да направите комбинација со некој ваш Фејсбук пријател кој е роден во истиот знак. Поздрав!

  7. fdgdfgd Reply

    ne mi ja otvara aplikacijata, odam start i ne mi se pojavuva sto da praam ?

    • Кафе пауза Reply

      Обиди се со друг прелистувач, не би требало да има некаков проблем. Поздрав!

  8. PrincessLea Reply

    Лелеее зошто неможе ако он нема фб!! :(

  9. PrincessLea Reply

    Жена- риби, Маж- Лав?!

  10. FunGirl Reply

    нешто не е во ред со апликацијата, ме покажува како машко…..а женско сум :(

Остави коментар