Риби и риби – љубовна комбинација

Оваа љубовна врска претставува унија на две сензитивни и емоционални личности. Рибите се искрени, умеат добро да комуницираат, а помеѓу нив постои цврста и длабока емоционална и спиритуална конекција. Двајцата партнери сметаат дека нивната скапоцена врска е најпрекрасното нешто на светот и дека не би можела да биде подобра одошто е. Тие ја сакаат убавината и мирот како ниеден друг знак во зодијакот и се подеднакво посветени на одржување на нивната љубов најидеална што е можно.Риби и риби – љубовна комбинацијаПасивната природа на рибите е она што им овозможува на овие партнери да поминат многу спокојни моменти заедно. Но, рибите знаат да бидат премногу лежерни и безгрижни, дури и наивни, а се и екстремно чувствителни на негативна енергија. Две риби во љубовна врска можат да станат мрзливи, индиферентни и да го извлечат најдоброто или најлошото еден од друг. Тие се најчесто неспособни да си постават граници, ниту на себеси ниту на другите и имаат тенденција премногу да заталкуваат во нивниот свет на фантазии.

Рибите најчесто ги избегнуваат конфликтите, на начин што нема да реагираат никако, ќе се затворат во некој нивен илузорен свет или ќе постанат нереалистично оптимистични во врска со проблемите. Флексибилноста која ја поседува овој хороскопски знак, е карактеристика која им овозможува на овие љубовни партнери лесно да комуницираат, да се прилагодат на секоја ситуација и да бидат одлични пријатели и љубовници.

Рибите се предводени од планетите Јупитер и Нептун. Овие партнери ставаат огромен акцент на вредностите и на етиката и кон животот гледаат низ една филозофска призма, која е резултат на влијанието на планетата Јупитер. Нептун во оваа љубовна врска внесува имагинација, мистерија, апстрактно размислување и љубов на партнерите кон поп културата. Рибите се знакот на услужувањето. Секој од партнерите го облева другиот со безусловна љубов, еден куп нежности и внимание. Типично во оваа љубовна врска, е партнерите меѓусебно да си купуваат „фенси“ подароци, да практикуваат појадок во кревет и да одат честопати надвор од градот на викенд.

Рибите се чувствуваат среќно кога ги исполнуваат желбите и потребите на оние кои ги сакаат. Тие се познати по нивната адаптибилност на дадената ситуација. Меѓутоа оваа нивна карактеристика понекогаш може да биде опасна за рибата, бидејќи нивните лични потреби, интереси и желби може да си ги засенат и занемарат.

Рибите мораат навистина да се фокусираат и да се посветат себеси кон остварување на нивните лични планови и цели. Во прилог на нивната врска ќе биде доколку секој од партнерите успее да го охрабри другиот да се бори доволно за да успее.

Честопати отсутни во мислите и индиректни по природа, рибите добро функционираат кога се инспирирани од некоја цврста иницијативна сила. Кавги се ретка појава овде. Во оваа врска ќе има малку или речиси ич недоразбирања, сè додека партнерите размислуваат заеднички со нивните глави и срца. Во оваа врска постои голема привлечност и обожување меѓу партнерите и тие обострано уживаат во нивниот безгрижен и опуштен пристап кон животот.

Најдобриот аспект на љубовната врска риби-риби е неверојатната леснотија со која тие ги решаваат работите и нивната голема слога и разбирање. Тие се мајстори во зодијакот кога станува збор за создавање една мирна и едноставна љубовна врска, на која секој би позавидел. Рибите се многу лојални, верни и добродушни партнери полни со љубов. Во ваквата љубовна комбинација секој од партнерите, ќе биде тука за својот љубен кога најмногу ќе му биде потребен. Конекцијата која овие партнери ја имаат, се чини како да е нераскинлива.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. maric Reply

    ova se vika … kolku nie ribite sme sovrsheni :)

Остави коментар