Риби и овен – пријателска комбинација

Да започне пријателство со избувливиот и страстен овен, за рибата претставува истоштувачко, но сепак вредно искуство. На сличен начин, звучи речиси невозможно за една самоуверена и храбра личност каква што е овенот, да се спријатели со срамежливата и емотивна риба.Риби и овен - пријателска комбинацијаОвенот има енергија во неограничени количини и ќе ја поведе со себе рибата на неговите безбројни авантури. Рибата никогаш не може да знае што следно ќе ѝ се случи додека го поминува времето со овој пријател во знакот овен. Во понеделник тој може да ѝ предложи скокање со падобран, во вторник банџи скокање и уште стотици други авантуристички комбинации кои ќе му паднат на овенот на ум.

И покрај тоа што рибата не се воодушевува премногу од ваквите авантури, таа сепак мора да си признае себеси дека сепак најинтересните искуства во животот ѝ се токму по заслуга на нејзиниот пријател роден во знакот овен. Од друга страна овенот ѝ се воодушевува на готовноста на рибата да проба сѐ барем еднаш во животот, и покрај тоа што гласно тоа никогаш нема да го признае.

Овие пријатели имаат симпатии еден за друг, најповеќе бидејќи тие меѓусебно си се восхитуваат на позитивните карактеристики кои ги има секој од нив. Така, овенот би сакал и самиот да ја поседува мистериозната способност на рибата секогаш да ја кажува вистинската работа во вистинскиот момент. На сличен начин, рибата ѝ се воодушевува на способноста на овенот секогаш да го добива она што го сака, макар и по цена да изгледа некооперативен и неразумен.

На рибата не ѝ се допаѓа кога овенот ѝ ги повредува чувствата и се поставува шефовски во повеќето ситуации. Од друга страна, променливото расположение на рибата го уништува оптимистичниот дух и еланот кои ги поседува овенот. Како и да е, во поголемиот дел од времето поминато заедно, овие двајца другари меѓусебно си ги надополнуваат карактерите. Тоа особено е случај додека ги прават нивните омилени активности како: сурфање на бранови, лизгање на мраз, снимање видео-клипови или правење кратки филмчиња, работење волонтерска работа, шиење или плетење, столарство и сл.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар