Риби и овен – љубовна комбинација

Љубовната врска составена од партнери со хороскопски знаци овен и риби, може да биде многу здрава за двајцата партнери. Овенот е силен знак, кој речиси секогаш се потпира на своите инстинкти и ги следи без два пати да размисли за евентуалните последици од сопствените постапки. Мечтателната риба е помирна и интерна личност, па не е изненадувачки што таа е нарекувана „поетот во зодијакот“.Риби и овен – љубовна комбинацијаОднадвор овенот и рибата може да изгледаат како неинтересен пар, но ако меѓу нив постои вистинска љубов, овие партнери можат меѓусебно да си ги остварат сите нивни соништа. Рибата е генерално многу интуитивна личност, дури и на љубовен план може да ги предосети емоциите и моменталното расположение на својот партнер, благодарение на што честопати умее да воспостави баланс и хармонија во нивниот однос. Овенот пак е независен лидер, кој постојано покрева иницијатива за остварување на неговите планови и желби, но треба да внимава да не изгледа себично и скржаво во очите на рибите.

Кога овенот ќе констатира дека некоја особа му е многу атрактивна, тој инстантно „трга во акција“ на освојување на истата, без грам двоумење. Кога „жртвата“ е нежната личност со хороскопски знак риба, овенот се става себеси во улога на нејзин заштитник. Интересната работа е тоа што вистинскиот заштитник во оваа врска е токму рибата, бидејќи е интуитивна личност, која умее да го разбере нејзиниот „бурен“ овен на едно длабоко ниво и да му обезбеди релаксирачко засолниште во нејзините прегратки.

Дарежливата риба знае толку да се соживее, да сочувствува со емоциите на другите луѓе, што понекогаш може да почне да се чувствува како черга за бришење чевли. Таа тотално се предава на нејзиниот партнер и ако тој не го направи истото, може да настанат проблеми во нивната врска. Но, способноста на рибата да го разбира овенот подлабоко, во однос на повеќето хороскопски знаци, може да го ублажи ваквиот проблем. Рибата меѓу другото знае како да го спречи овенот да постане премногу наметлив и непромислен. Кога се испреплетуваат директниот пристап на овенот и интуитивното разбирање на емоциите на другите луѓе од страна на рибата, овие партнери, со заеднички сили формираат динамичен тим.

Овенот е управуван од планетата Марс која ја симболизира неговата страст, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузија). Марс внесува страсна активност во „сонливиот“ Нептун. Тоа значи дека овенот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините фантазии во реалност. Јупитер од своја страна и овозможува на рибата да биде способна да ја ублажи преголемата искреност и отвореност на овенот.

Во ова љубовно партнерство можни се недоразбирања одвреме-навреме, но во секој случај овенот и рибите може да бидат одличен тим. Рибата може да му помогне на овенот да се опушти малце и да му покаже како да научи да ги „слуша“ емоциите на другите луѓе. Овенот од своја страна, пак, може да и покаже на рибата како да излезе надвор во реалниот свет и да презема ризици кои навистина би и се исплатиле и би и донеле успеси. Ова е навистина корисна лекција за рибата, која дефинитивно е доволно мудра да процени кои ризици е добро да ги преземе, а кои е најдобро да ги избегне. За да успее нивната љубовна врска, овенот и рибата треба да научат добро да преговараат и така да ја потврдат и одржат нивната хармонија.

За разлика од овенот, рибата не чувствува потреба да биде лидер во врската. Таа сака да ја „подаде нејзината рака“ секаде каде што е тоа потребно, но не сака да биде главен координатор на проекти, што е добро бидејќи овенот ја сака таа позиција за себе. Благодарение на нивните различни потреби и очекувања во хиерархијата на нештата, овие два знака заеднички можат да успеат да создадат хепиенд на секоја задача на која ќе решат да работат.

Најдобриот аспект од љубовното дуо риби-овен, е тоа што овие двајца партнери имаат да научат многу еден од друг. Рибата го учи овенот како да се грижи и да сочувствува со другите луѓе. Овенот ја учи рибата како да си ги оствари нејзините соништа, а не само да мечтае за нив. Нивната љубов е дефинитивно базирана на меѓусебно давање.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. ane Reply

    :))))

  2. monika Reply

    a ke moze li za oven i bliznaci odnapred blagodaram

  3. Glosipgirl Reply

    ve molam napishete za oven i rak vi blagodaram :)

Остави коментар