Риби и лав – љубовна комбинација

Во љубовната врска помеѓу риби и лав, двајцата уживаат во поинаквата перспектива што ја има нивниот партнер кон животот генерално. Лавот е силен и самоуверен знак, кој секогаш чувствува слобода да го прави она што го сака и ја има заповедничката улога во своето опкружување. Рибите пак се потивки, резервирани интроспективни. Во главно овие два знака се тотално спротивни, но она што е заедничко за двајцата е тоа што се „сонувачи во душа“. Кога помеѓу нив постои љубов, тие умеат меѓусебно да ги пополнат „празнините“ на својот партнер и да оформат нежна љубовна врска, во која двајцата можат да бидат вистински среќни.Риби и лав – љубовна комбинацијаЛавот е лидер во душа и кога тој е во врска со риба, најчесто постанува заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат, му ја дава целосната поддршка која му е потребна за остварување на неговите амбиции и секогаш ги поддржува неговите „перформанси“ во социјалните збиднувања, односно таа е неговата „верна публика“, која му е толку потребна на лавот.

Рибата е многу флексибилна личност, која умее да се прилагоди на речиси секоја ситуација. Таа има тенденција комплетно да се предаде на својот љубовен партнер. Нејзиното добро срце и овозможува да го запознае лавот на начин, на кој повеќето други хороскопски знаци не умеат. Рибата со нејзината трпеливост и попустливост умее да ги „убие“ дрскоста, наметливоста и вообразеноста на лавот, кои му доаѓаат до израз кога тој е сингл. Лавот воопшто не е срамежлив кога не е во врска, за разлика од рибата која кога е сама, најчесто е прилично повлечена.

Лавот е предводен од Сонцето, а рибите од Јупитер и Нептун. Сонцето внесува живот, свежина, топлина и самодоверба во лавот. Нептун се однесува на идеите, илузиите и гледањето на работите од пошироката перспектива, но и на неисполнетите соништа и нереалните фантазии на рибите. Лавот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините илузии во реалност. Нептун и овозможува на рибата да ја „омекне“ крутоста и насоченоста кон сам себе на лавот, притоа канализирајќи ја неговата енергија кон покреативни и плодотворни нешта.

Лавот и рибата можат да бидат многу среќни и успешни заедно, доколку успеат да ги сфатат потребите на својот партнер, преку анализа на неговите емоции и преку заедничка работа на креативни проекти, кои би ги работеле со душа.

Рибата може да му помогне на лавот да стане поскромен и да ги зема во предвид потребите и на другите луѓе, додека лавот пак може да ја научи рибата да се релаксира малце, да излезе во надворешниот свет и да се бори за она што и припаѓа.

Конфликт помеѓу овие двајца партнери може да настане ако рибата стане премногу емотивна, со што би го „убила“ ентузијазмот на лавот. Во таквите ситуации на лавот може да му дојде „преку глава“ и ги повреди чувствата на рибата. Овие партнери мораат ефективно да комуницираат, за да го обезбедат потребниот баланс во нивната врска.

Рибата не се чувствува убаво во улога на „шеф во врската“. Нејзина најголема сатисфакција преставува подобрување на целиот универзум, притоа почнувајќи од подобрување на животот на нејзиниот партнер. Лавот, од друга страна, често има некоја идеја на ум за тоа какви промени од помал размер би можело да се направат во нивната врска.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација риби – лав е отвореноста на партнерите кон учење нови нешта од својот љубен/а. Рибата му покажува на лавот како да биде погрижлив и чувствителен, а тој ја учи како да ги претвори нејзините соништа во реалност, преку делување а не со фантазирање. Нивните спротивставени карактери им овозможуваат меѓусебно да си ги надополнуваат недостатоците на својот партнер, на начин на кој и двајцата се задоволни, исполнети и среќни.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Николина Reply

    Јас како ,Риби‘ некако не се согласувам со ,Лавовите‘ од спротивниот пол, од моето искуство сфатив дека немам ништо заедничко со нив, како да не можеме ни неколку реченици да си кажеме еден на друг, не знам, не го сакам овој знак од машкиот пол…

  2. klementina Reply

    aj ako moze za rak i oven kombinacija

  3. Renata Reply

    Aj ako moze RAK i LAV kombinacija.. :) blagodaram

  4. м-м Reply

    Се е точно напишано, повеќе и нема што да се каже!!! Браво за авторот!!!

  5. Mimi Reply

    Otprilika e taka

  6. vaska Reply

    hahah paaa moze da se kaze

  7. grlica Reply

    da go podrzuvam vistina taka e i od mene Bravos

  8. Zvonko Reply

    Jas i zena mi sme so sosema oboratni karakteristiki od navoedenoto.Bukvalno vo se e obratno,a sigurno e deka sme rodeni vo navedenite znaci

Остави коментар