Риби и девица – пријателска комбинација

Риби и девица – пријателска комбинација

Рибата и девицата се спротивни знаци во зодијакот, што значи дека станува збор за едно интересно пријателство. На моменти секој од нив ќе мисли дека неговиот/нејзиниот пријател е вонземјанин, чии навики се тотално несфатливи. Така на пример, секогаш добро организираната девица не може да сфати како рибата може да пронајде нешто во тој хаос што го остава зад себе по дома. На сличен начин, рибата не може да сфати како девицата може да се вознемирува секогаш кога ќе ѝ се потроши некое средство за хигиена или ќе ѝ снема парфем.Риби и девица – пријателска комбинацијаКако и да е, колку подобро се запознаваат рибите и девицата, толку повеќе ќе ги почитуваат карактерните предности на својот другар. После извесно време, расеаната риба ќе ѝ биде благодарна на девицата што ѝ помогнала уредно да си ги организира сметките за комуналии и даноци, додека пак на девицата ќе почне да ѝ се допаѓа фактот, колку опуштено и безгрижно се чувствува покрај рибата.

Сепак, ќе има ситуации во кои девицата ќе се нервира што рибата ѝ доцни половина час после започнувањето на филмската премиера во кино, но таа сепак треба да сфати дека и нејзината вечна загриженост е досадна за рибата. Кога девицата ќе помисли дека рибата си игра со нејзините живци, нека не заборава дека ниеден друг пријател не е подобар слушател од неа. На сличен начин, рибата треба да си признае себеси дека девицата има некаква дарба да ги претвора нејзините соништа во реалност.

Овие пријатели може да уживаат во лежерни активности надвор од затворен простор. Одење на долги прошетки во природа, организирање пикник, ловење риби, лизгање на мраз, се активности кои ќе ги израмнат разликите помеѓу овие пријатели. Исто така, може да уживаат и во вежбање јога и плетење.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар