Риби и близнаци – пријателска комбинација

15 март, 2012 0 коментари од

Ова е едно од најпредизвикувачките пријателства за рибата, на која ќе ѝ биде потребно поголемо трпение за да го истрпи предизвикот. Без никаков сомнеж, за рибата близнаците претставуваат едни од најзабавните и најинтересните личности кои можете да ги сретнете во текот на животот. Таа ги сака неговите интересни прикаски, веселото расположение и остроумност. На ист начин, близнакот се восхитува на имагинацијата, сестраноста и интуицијата која ја поседуваат рибите.Риби и близнаци пријателска комбинацијаКако и да е, овие двајца пријатели имаат многу различна карактерна природа, што може да го растури нивното пријателство. Близнаците се поповршни и се потпираат на својата логика, додека пак рибата длабоко во себе е многу емотивна и сериозна личност. Ќе има моменти, кога близнакот ќе ѝ каже нешто на рибата на мајтап, што може да ја заболи како нож в срце. Од друга страна пак ќе има и моменти, кога меланхоличното расположение на рибата ќе го уништува веселиот дух на близнакот.

Близнакот и покрај тоа што ѝ се восхитува на флексибилноста на рибата и нејзината способност за лесна адаптација, сепак не може, а да не мисли дека неговиот пријател е преосетлив и не може да поднесе никаква критика. Наспроти ова, рибата пак најверојатно смета дека близнакот не ги сфаќа туѓите чувства доволно сериозно. Доколку близнакот биде доволно внимателен во врска со емоциите на рибата, таа веднаш ќе се прилагоди на неговиот весел и разигран дух.

Овие два знака имаат голема желба за патување, па може да уживаат во посета на некои историски градови, како и градови кои излегуваат на море. Што се однесува до потрагата по креативност, овие двајца може да ги интересира пишување и читање поезија, креативно пишување и внатрешен дизајн. Исто така, може да им се забавни и хобија како читање на дланки, гледање на кафе и сл. Кога сите активности ќе станат досадни, овие двајца нема да погрешат ако отидат некаде на танцување. Тие најверојатно ќе бидат совршениот пар на подиумот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Астрологија

Тагови: , , , ,

За авторот

Новинарка по професија и исклучително љубопитна девојка со истражувачки дух, вечно во потрага по доза креативност. Кафе пауза ми ја оживува страста и ми дава можност секој ден да учам нешто ново. Животно мото ми е дека без кафе и по некоја испеана песна, не смее да ми помине ниту еден ден. Обожавам тимска работа, музика, филм и уметност во сите облици. Верувам дека добриот совет и астрологијата ми помагаат да се разберам себеси и светот околу мене. Неостварен сон - да го прошетам светот.
0 коментари за “Риби и близнаци – пријателска комбинација”

Остави коментар

Read more:
Погрешните лекции од книгите за самопомош
Погрешните лекции од книгите за самопомош

Филмски маратон со Мистер Бин
Филмски маратон со Мистер Бин

Фотографии во движење
Фотографии во движење

Close