Риби и бик – пријателска комбинација

Рибата е бескрајно наклонета кон својот пријател со хороскопски знак бик. Симпатијата е возвратена и од страна на бикот. Рибата секогаш може да смета дека бикот ќе ја одржи на стабилни нозе, секојпат кога ќе го нападне бура од емоции. Бикот пак, го цени тоа што рибата прави разлика помеѓу поимите одмор и мрза, бидејќи тој сака одвреме-навреме да се релаксира и не сака да биде критикуван поради тоа.Риби и бик - пријателска комбинацијаБикот и рибата многу брзо формираат силно пријателство кое ги задоволува критериумите на двајцата. На бикот му се допаѓа релаксирачкиот поглед кон животот кој го има рибата и нејзината сочувственост и креативност. Од друга страна, на рибата ѝ се допаѓа богатата смисла за хумор, здраворазумноста и спокојноста кои ги поседува бикот.

Овие пријатели се најсреќни кога се излежуваат во природа, си грицкаат нешто од излетничката кошница и го следат движењето на луѓето околу нив. Тие исто така имаат склоност кон разните облици на уметност, па може да уживаат посетувајќи уметнички изложби, одејќи на рок концерти и во кино на добар филм.

Тврдоглавоста на бикот може многу да ја фрустрира рибата, а невнимателното трошење пари од страна на рибата го нервира бикот. Ако бикот ѝ помогне на рибата да ги организира своите финансии, таа ќе му помогне да го развие својот артистички талент. Пред бикот да ја обвини рибата дека не може да смета на неа дека ќе стори нешто во договореното време, треба да му стане јасно дека таа пак, секогаш ја трпи неговата тотална нефлексибилност.

Најдобар начин да ги надминат нивните тензии, е да прават активности во кои и двајцата најмногу уживаат: сликарство, риболов, готвење, грнчарство, плетење, пишување поезија и др.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар