Рак и рак – љубовна комбинација

Рак и рак – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу двајца ракови е нежна, емотивна и исполнета со љубов и разбирање. Овие партнери си се меѓусебно посветени, верни и бескрајно лојални.

Двајца ракови во љубовна врска, се способни да научат „како дише“ нивниот партнер. Бидејќи се многу слични по природа, секој од раковите го знае најдобриот начин како да му ја „затопли душата“ на својот љубен/а, а во напнати ситуации, ќе знае и како да му ја „разлади главата“. Главни карактеристики во оваа врска се верноста, грижата, меѓусебната помош и сочувственоста во однос на потребите на нивниот партнер.Рак и рак - љубовна комбинацијаРаковите кои се во сериозна врска, се ориентирани кон создавање заеднички дом и чувство на фамилијарен живот во него. Меѓутоа, за да се случи тоа, овие партнери мораат да ја надминат нивната тенденција кон депресивно размислување, самосожалување, како и служење со манипулација за да го добијат тоа што го сакаат. Доколку раковите успеат да го контролираат нивниот непостојан карактер и променливо расположение, оваа врска ќе биде задоволувачка и нежна за двајцата.

Раковите најдобро се чувствуваат кога се дома. Кога еднаш ќе се заштити во своето свето засолниште, ракот може да заборави на надворешниот суров свет, да не обрнува внимание на мислењето на другите луѓе и да се грижи само за она што се случува зад затворените врати од неговиот дом.

Исто како што раковите си ги чуваат и пазат материјалните работи кои ги поседуваат, така секогаш се обидуваат и да го заштитат и одбранат својот љубен/а од каква било опасност. Посветеноста и желбата на раковите да се борат за опстанок и успех на нивната врска, се навистина најјаките особини кои тие ги имаат, во поглед на љубовта.

Конфликти во оваа врска може да настанат како резултат на промените во расположението на раковите, но уште поопасна е нивната суптилна вештина за емоционална манипулација, од која секој треба да се пази. Раковите треба да престанат да се служат со неа, бидејќи таа е лошо средство за добивање на она што го сакаат од партнерот, кое може сериозно да и наштети на нивната врска.

Ракот е управуван од Месечината и неговото расположение е чувствително на нејзините месечни циклуси. Токму влијанието на Месечината внесува во ракот мајчинска грижа, нежност и желба да се помогне на најблиските. Ваквата негова енергија, помага во креирањето топла и безбедна домашна средина и совршено љубовно гнездо за развој и одржување на една здрава љубовна врска.

Ракот е воден знак. Интуицијата и емоциите се главни двигатели на врската помеѓу двајца ракови. Во пакет со нивните длабоки, интензивни интуитивни моќи, доаѓа и кршливоста на ракот, поради што неговите чувства лесно можат да бидат повредени. Кога е исплашен и повреден, ракот емотивно се затвора, на тој начин заштитувајќи се од надворешниот свет. Меѓутоа честото психолошко затворање, може да ù наштети на која било врска во која едниот партнер е рак. Двајцата ракови во врска, најверојатно ќе имаат повеќе разбирање за потребите на својот љубовен партнер за личен простор и поминување некое време сам со себе, кога тоа претставува негова нужност. Клучот за разбирање на нивната потреба за повремено поминување време насамо, е таа да се прифати како составен дел од нивниот карактер и воопшто да не се поврзува со запоставување или негрижа кон партнерот. Заеднички, раковите се способни да се заштитат себеси и нивниот партнер од суровата реалност која постои во надворешниот свет.

И покрај тоа што ракот не е баш физички активен знак, неговите брзи емоционални рефлекси и моќите за перцепција, му овозможуваат умешно да се брани кога е под стрес. Ракот воопшто не се срами да го побара, но и да го добие токму она што го сака од својот љубовен партнер. Првата особина која доаѓа до израз кај ракот кога е под стрес, е неговата груба заштитничка настроеност кон својот партнер, кога смета дека постои некаква опасност по нивната врска. Но, овие нападни изливи на емоции, можат да ги повредат чувствата на неговиот партнер. Жестоката лојалност може да создаде блискост во љубовната врска помеѓу двајца ракови, но ако се поминат границите на нормалното, може да претставува опасност за нејзиниот опстанок. За да не се случи ова второто, двајцата партнери мора да настојуваат да ги погледнат нештата низ очите на нивниот љубовник.

Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и рак е нивната комплетна меѓусебна преданост и посветеност, како и цврстата емоционална нишка која силно ги поврзува. Овие партнери меѓусебно се заштитуваат и безбедно ја чуваат нивната љубов, од надворешниот свет. Тие целат кон креирање убаво уреден и топол заеднички дом, како и создавање семејство.

——————————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар