Рак и девица – пријателска комбинација

Девицата спаѓа меѓу омилените пријатели на ракот. Тој може да смета на својата девица дека ќе му го донесе совршениот подарок за роденден, токму она што тој го сакал, во посакуваната боја, со точната големина. Дополнително, ракот може да ѝ се обрати на девицата секогаш кога му треба совет, без разлика дали се работи за нов стилист или за ефикасна диета.Рак и девица – пријателска комбинацијаДевицата знае како да даде искрено мислење, без да ги повреди чувствата на ракот. За среќа, девицата го цени ракот и го обожава. Тој пак е знак кој има проблем да се третира себеси добро и да прифати дека заслужува комфор во животот. Затоа пак многу се радува кога девицата ќе се појави со торта од моркови, мекана блуза или гратис за во спа-центар.

На девицата и пречи заштитната ограда која си ја поставува ракот околу себе, додека за него девица е малку невротична. Исто така, ракот често има некои нереални соништа и идеи, чие неприфаќање од страна на девицата, може многу да го разочара.

Девицата и ракот можат да оформат пријатно пријателство што ќе трае со години. Двајцата се домашари кои преферираат тивки ноќи покрај телевизорот, но знаат и да поминат лудо забавувајќи се во некој локален бар. Девицата ја цени мистериозната способност на ракот да ѝ ги смирува нервите, додека ракот многу цени што таа никогаш не го заборава неговиот роденден, но и фактот дека не јаде маслинки.

Во најголемиот дел од времето, на овие два знака пријателството им оди како подмачкано. Тие уживаат во меѓусебното друштво, особено додека возат велосипеди, се занимаваат со некои градинарски активности, едрат, подготвуваат сложени јадења или се посветуваат на развивање на своите кројачки вештини.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар