Психолошки профил на Близнаците

Близнаците се препуштаат на сè што е поврзано со движење и истражување, особено кога станува збор за менталната верзија. Без разлика дали тие патуваат интелектуално или физички, Близнаците се поттикнати од импулсот да гледаат и да разбираат како функционира светот околу нив.

psiholoshki-profil-na-bliznacite-www.kafepauza.mk

Тие особено сјаат во онаа развојна фаза кога човековото тело се здобива со способноста да го користи јазикот. Водени од страна на гласникот Меркур, децата во овој знак се фасцинирани со книги и телевизиски серии, со чија помош го збогатуваат својот вокабулар, но учат и голем број детали за светот. Близнаците едноставно мора да анализираат и да поставуваат прашања, да го користат својот разум, да класификуваат концепти, да ги именуваат сите непознати варијабли, притоа постојано потпирајќи се на логиката како своја константа.

Како воздушен знак, Близнаците се бистри, брзи, младолики, вербални и понекогаш делуваат како да не се од овој свет. Тие имаат двојна природа, што лесно се идентификува според симболизмот на нивниот знак – со едната нога се во реалниот свет, а со другата честопати се на работ од идеалниот свет, поради што често мора да бараат баланс помеѓу двете различни состојби на постоење.

Кога тие истражуваат возбудлив концепт или шетаат на ново место, токму тогаш се чувствуваат најсмирено. Но понекогаш парчињата од сложувалката едноставно не се совпаѓаат дури ни кога се наредени на своето место, па токму оваа ирационалност на баналноста на секојдневниот живот може да ги натера Близнаците да паднат од многу високо. Нивната ментална енергија се губи, и почнуваат да копнеат по чист воздух, борејќи се низ густиот и бучен лавиринт од безначајни детали.

Следниве парадоксални прашања се најважни за долготрајниот психолошки раст и развој на припадниците на овој знак:

  • Како можам да продолжам да истражувам сè што ме интересира додека истовремено најдам и задоволство од беспрекорното владеење на само едно нешто?
  • Како можам да ја надминам логиката и да го сфатам парадоксот?
  • Како можам да синтетизирам детали со цел да ги анимирам со значење?

Се заљубувате во Близнаци? Прочитајте што ве очекува во врската со овој будалест знак!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар