Предодредени за експлозија од страст: Кои се најдобрите сексуални парови според хороскопот?

Предодредени за експлозија од страст: Кои се најдобрите сексуални парови според хороскопот?

Иако добриот секс е поврзан со емоциите, на некои знаци им е судено да доживеат поголема страст на интуитивна основа. Доколку верувате во астрологија, ќе се согласите дека во кревет најтешко се сложуваат огнените и земјените знаци, како и воздушните и водените знаци од Зодијакот. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, додека, пак, водените знаци ги слушаат нивните чувства. Нормално дека оваа генерализација не важи за сите, но ако ве интересира проверете што имаат ѕвездите да кажат околу тоа кои парови се предодредени да доживеат експлозија од страст и пронајдете го вашиот идеален сексуален партнер…

Предодредени за експлозија од страст: Кои се најдобрите сексуални парови според хороскопот?

Овен

Страсни и нетрпеливи, овие љубовници го гледаат сексот како најголема забава, па дури и како суштински дел од љубовната врска. Тие претпочитаат вистинска акција, а не нежно водење љубов. Знаат што сакаат и го сакаат тоа веднаш. Сексуално најмногу си одговараат со Лав, Стрелец, Близнаци и Водолија.

Бик

Бикот важи за најсензуалниот од сите знаци, има хедонистички пристап кон сексот и важно му е да е редовен. Припадниците на овој хороскопски знак обожаваат долги предигри и игри на заведување, како и неизвесност во сексот. Сексуално се најкомпатибилни со Девица, Јарец, Рак, Скорпија и Риби.

Близнаци

На припадниците на овој знак важно им е прво да бидат ментално стимулирани, сакаат секси разговори за самиот чин, фантазирање, зборување за сексуалните желби и идејата дека имате бујна фантазија. Сексуално се најкомпатибилни со Вага, Водолија, Овен, Лав и Стрелец.

Рак

Раковите го сакаат чувството на припадност и сигурност, како и интимноста која произлегува од емоционалната поврзаност. Тогаш најмногу уживаат во сексот. Ретко иницираат бидејќи се срамежливи, но се одлични љубовници кои навистина се трудат да го задоволат партнерот. Сексуално најмногу си одговараат со Бик, Девица, Јарец, Скорпија и Риби.

Предодредени за експлозија од страст: Кои се најдобрите сексуални парови според хороскопот?

Лав

Припадниците на овој знак зрачат со шарм и страст, а во сексот се иновативни и посветени на партнерот, така што со нив потребно е само да се препуштите и да им дозволите тие да доминираат. Нивните идеални сексуални партнери се Овен, Стрелец, Близнаци, Вага и Водолија.

Девица

Спротивно на тоа каков впечаток оставаат, Девиците се слатки и романтични, па потсвесно ги воодушевуваат сексуалните игри. Најголемо уживање во креветот доживуваат со Бик, Јарец, Рак, Скорпија и Риби.

Вага

За да биде Вагата вистински расположена, потребно е да ѝ се додворувате и ласкате, како и да направите секси атмосфера. Тогаш тие ќе ја разуздаат нивната страст и целосно ќе се препуштат. Ги возбудува секси долната облека, како и неодоливиот парфем на партнерот, а сакаат и изненадувања. Сексуално се најкомпатибилни со Близнаци, Водолија, Овен, Лав и Стрелец.

Скорпија

Припадниците на овој знак се познати како најголемите заводници во Зодијакот со силно либидо. Ја презираат рутината, а најмногу им одговара партнер кој размислува слично како и тие. Обожаваат адреналински предизвици, секс на несекојдневни места, необични пози и секакви сексуални игри. Сексуално најмногу си одговараат со Рак, Риби, Близнаци, Вага и Водолија.

Предодредени за експлозија од страст: Кои се најдобрите сексуални парови според хороскопот?

Стрелец

Оние кои биле во кревет со припадник на овој знак знаат дека станува збор за искуство потполно различно од сѐ што пробале дотогаш. Тие го задоволуваат партнерот и очекуваат и тој да го направи истото. Сакаат секс кој трае со часови и секогаш се подготвени за уште. Нивните идеални сексуални партнери се Овен, Лав, Близнаци, Вага и Водолија.

Јарец

Припадниците на овој знак делуваат потполно незаинтересирани, но штом ги намамите во спалната соба се претвораат во вистински сексуални ѕверови, кои се посветуваат на сексот подеднакво исто како и на секоја друга задача во животот. Ги привлекуваат паметни луѓе кои ќе ги заинтересираат со нивните зборови, а сексуално се најкомпатибилни со Бик, Девица, Рак, Скорпија и Риби.

Водолија

Тешко е прецизно да се одгатне нивната ексцентричност бидејќи секој ден им одговара нешто друго, но факт е дека имаат силно либидо кое се зголемува со ментална стимулација и заведување. Со вистинскиот партнер со задоволство би се препуштиле на она што некои би го нарекле перверзија. Сексуално најмногу си одговараат со Близнаци, Овен, Лав и Стрелец.

Риби

Припадниците на овој знак сакаат игри на доминација и подреденост во креветот како и фантазии во кои тие се беспомошни и мораат да уживаат „против своја волја“. Колку е подолга врската, толку повеќе тие ѝ се препуштаат и од нив излегува дивата страна. Сексуално се најкомпатибилни со Рак, Скорпија, Бик, Девица и Јарец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар