Планетата Венера низ 12-те хороскопски знаци

 

Во митологијата Венера е божицата на убавината, додека во астрологијата таа е позната како планетата на љубовта, женственоста, естетиката. Знакот во кој се наоѓа Венера, опишува кои се нештата кои ги цените во животот, сето она што ве привлекува и ви причинува задоволство. Движењето на планетата Венера, е моќна алатка за прецизна претпоставка на човечките особини и различните внатрешни желби и љубовни потреби на хороскопските знаци. За да дознаете која е позиција на Венера во вашата натална карта, отворете го линкот.

Планетата Венера низ 12-те хороскопски знаци

Венера во Овен

Овие луѓе се силни и динамични. Сакаат авантури и спонтани ситуации. Активно ја бараат љубовта и не губат време во чекање. Директни се, храбри и сигурни во својот избор. Доколку некој им се допаѓа спремни се да направат сè за да бидат со таа личност.

Венера во Бик

Родените со Венера во бик љубат со сите свои сетила. Не се бунтовни во љубовта и претпочитаат старомодни врски. Тие се посветени и целосно се предаваат на партнерот. Сакаат луксуз, удобен живот, а истовремено имаат и почит кон традиционалниот животен стил.

Венера во Близнаци

Луѓето родени со Венера во близнаци се среќни и весели индивидуалисти. Обожаваат да комуницираат со секого. Бараат интелигентен партнер со кого може да разговараат на секакви теми кои ќе го стимулираат нивниот интелект. Тие исто така, сакаат да флертуваат и почесто да влегуваат во нови љубовни врски. Имаат живот исполнет со возбуда и разноликост. Честопати знаат да бидат саркастични.

Венера во Рак

Овие се чувствителни луѓе кои бараат сигурност и стабилност во партнерот. Бескрајно им угодуваат на сите, несебични се и обожаваат да им помагаат на оние кои ги сакаат. Смирени се и избегнуваат расправии. Домот и семејството им се секогаш приоритет.

Венера во Лав

Оние кои се лав во Венера, се гламурозни и суптилно доминантни личности. Кога ќе се заљубат, целиот свет им се врти околу партнерот. Само кога чувствуваат внатрешна емоционална хармонија, успеваат да ја пронајдат среќата во љубовта. Сакаат почит и внимание.

Венера во Девица

Приземјени се и реални во љубовта. Овие луѓе сакаат педантни партнери и трагаат по невина и чиста љубов. Не го преземаат првиот чекор и делуваат малку надмено. Но, кога веќе еднаш ќе влезат во сериозна врска, прават сè за партнерот. Тогаш постигнуваат целосна хармонија.

Венера во Вага

Практични, опуштени, но и пребирливи. Шармантни се и природно знаат кои чекори треба да се преземат во врската. Сакаат да им помагаат на луѓето и понекогаш дури и премногу им угодуваат. Сепак, кога веќе ќе го најдат вистинскиот партнер, прават сè за тој/таа да се чувствува сакано.

Венера во Скорпија

Луѓето со Венера во скорпија се страсни и амбициозни. Потребно им е време да се зближат со некого. Кога ќе се прилагодат на личноста и ќе престанат да ја анализираат, стануваат поотворени и емоционално поприемчиви. Самоуверени се и не брзаат, одговорни се и внимаваат на своите постапки во врските.

Венера во Стрелец

Тие се харизматични луѓе кои не вршат никаков притисок врз нивниот партнер. Сакаат да имаат што повеќе и повеќе контакти и да запознаваат луѓе од различни средини и култури. Можно е и нивниот партнер да потекнува од друга земја. Секогаш се спремни за нови патувања и истражувања.

Венера во Јарец

Овие луѓе се сериозни и реални во љубовта. Спремни се да направат сè за партнерот. Но, честопати предност ѝ даваат на кариерата и личниот развој. Не сакаат кратки врски, туку љубов што ќе трае за цел живот.

Венера во Водолија

Луѓе со слободен дух и невообичаен вкус. Генерално се независни во врските кои ги остваруваат. Во љубовта сакаат да експериментираат и да си дадат повеќе шанси пред да го најдат вистинскиот партнер. Иако по природа се дружељубиви, понекогаш им треба време за самоиспитување.

Венера во Риби

Овие се вистинските сонувачи во зодијакот. Во однос на љубовта, тие си создаваат слика на идеален партнер во нивната глава и често се разочаруваат од неможноста некој реално да ги пресретне нивните идеали. Емоционално се несигурни. Повеќе сакаат да сонуваат, отколку вистински да ја бараат љубовта.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар