Овен и рак – пријателска комбинација

Ракот е прилично тешка личност за „декодирање“, но доколку овенот држи мала дистанца и не ги погодува неговите болните точки, тој или таа евентуално ќе ги покаже своите вистински емоции. Во меѓувреме, овенот може да се задоволи со фактот, дека ракот е најверојатно најскапоцениот пријател кој секогаш ќе биде тука за него во неволја. Лојалноста кај ракот е навистина легендарна карактеристика. Имено, ракот едноставно секогаш знае да го каже вистинскиот збор со кој ќе направи целата болка и тага одеднаш да исчезне. За да му возврати за неговата љубов и поддршка, овенот му надокнадува влевајќи му храброст и кажувајќи му пофални зборови, кои ракот е секогаш расположен да ги чуе. Ракот ќе му биде бескрајно благодарен на овенот, доколку тој му помогне да ги развие своите лидерски способности.Овен и рак – пријателска комбинацијаДружењето со овен, е некаков вид предизвик за ракот. Овните прво реагираат, а отпосле размислуваат, додека пак ракот внимателно ги анализира неговите планови, пред да прејде во акција. Импулсивното однесување и острите забелешки од страна на овенот, можат понекогаш да го облеваат ракот со ладна пот и вистински да му ги повредуваат чувствата. Но ракот не е единствениот во ова пријателство, кој ги чувствува разликите и проблемите. Така, енергичниот овен се чувствува навистина „зауздено“ од премногу претпазливото однесување на ракот.

Доколку се трудат да го одржат нивното пријателство, овие двајца можат навистина да го почувствуваат бенефитот од нивните различни карактери. Овенот треба да го охрабрува ракот во реализацијата на неговите идеи,  бидејќи тој е исто толку моќен лидер колку  и овенот, само треба да ја развие таа способност кај себе. Од друга страна, ракот може да му помогне на овенот подобро да си ги организира финансиските трошоци, за да може помалку да работи, а повеќе да се забавува. Овие двајца другари може да уживаат во активности како долготрајно трчање, изработка на накит, готвење зачинета храна, возење со глисер по вода, колекционирање воени сувенири и сл.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар