Овен и овен – љубовна комбинација

Кога двајца овни се во љубовна врска, тоа е исто како да гледате како огномети пукаат на небото. Овие партнери се секогаш натпреварувачки настроени еден кон друг, поради што ова може да биде многу предизвикувачка комбинација. Секој од овните се гледа себеси како одраз во огледало во својот љубовник. Овенот ја сфаќа потребата за независност кај другиот овен, бидејќи и самиот ја чувствува. Но, во некои моменти тие можат да станат премногу посесивни и страшно тврдоглави. Поради тоа, тие мораат да научат да не бидат толку компетитивни еден спрема друг, а ако ја совладаат таа лекција, нивната конекција може да биде екстремно моќна.Овен и овен – љубовна комбинацијаЉубовната комбинација овен-овен претставува средба на два многу силни карактера. Генерално, нивната врска е позитивна и исполнета со елан и ентузијазам. Партнерите сакаат да испробуваат нови работи, најчесто некои екстремни спортови или некои други интензивни и енергични активности. Решавањето на неизбежните проблеми кои се дел од секоја интимна врска, може да биде тешко поради постојаниот судир на нивното големо его. Тие мораат да сфатат дека навиваат за истиот тим – нивната заедничка среќа. Бидејќи и двајцата сакаат секогаш да биде по нивно, тие мораат свесно да вложат напори да не бидат себични. Овенот е природно дарежлив знак, што значи дека двајца партнери кои го споделуваат овој хороскопски знак, можат несомнено да ја свртат оваа нивна позитивна карактерна особина кон остварување на нивните заеднички соништа.

Овните отворено и директно ги покажуваат нивните емоции, така што тие никогаш не би имале проблеми во врската поради некаква лага, лукавство или лицемерие. Но, недоразбирања ќе имаат како резултат на нивните темпераментни избувнувања кои произлегуваат од нивните непромислени осудувања. Овенот, едноставно кажано, има тенденција да избрзува со заклучоците.

Овенот е предводен од планетата Марс. Марс бил богот на војната, па како двајца војници во битка, двајцата партнери родени во знакот овен, можат или да се борат за иста територија или еден против друг, но во секој случај ќе се борат за нешто. Марс, исто така, репрезентира страст, а овенот има тенденција да поминува активни и возбудливи моменти во кревет, со кој било љубовник. Енергијата која ја поседува овенот, се дуплира кога е во комбинација со уште еден овен.

И покрај тоа што расправиите се неизбежност во оваа комбинација, многу е важно да се спомене дека овните се во суштина премногу зафатени луѓе за да држат лутина долго време и плус, фазата на смирување после кавга е многу поинтересна за нив. Овенот е огнен знак што значи дека во ова партнерство не би се случило на едниот да му здодее да биде во врската, а другиот да сака да продолжи да биде во неа. Двајцата овни ќе глумат тешки за освојување во исто време. Тие истовремено ќе водат постојана битка кој да биде лидер во нивната врска. Ниеден од нив не сака да се покори и да попушти, така што компромисот во врската е основното нешто на кое треба да работат. Ако успеат да го тргнат нивното его на страна, нивната врска ќе биде „мазна“.

Овните се мајстори за покренување иницијативи. Кога сфаќаат што е тоа што сакаат да се случи, тргаат во акција без да размислуваат ни за момент. Тие никогаш не трошат време за да ги разберат мислите и намерите на некого, пред да влезат во љубовна врска со него. Најдобриот аспект од комбинацијата овен-овен е спонтаноста која егзистира во нивните личности, која секогаш ќе ја одржува нивната врска свежа, а таа особеност е навистина тешко да се пронајде во која било друга љубовна врска. На двајца овни никогаш нема да им биде здодевно заедно. Нивната заедничка енергија и способност за помирување после кавга, ја прават оваа врска страсна и компатибилна.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар