Овен и лав - пријателска комбинација

Овен и лав – пријателска комбинација

Ова е едно навистина среќно пријателство, од кое лавот и овенот секогаш ќе очекуваат повеќе и повеќе. Симпатичниот лав може да ја разбуди нежната страна на овенот, благодарение на неговите широки „мечкини“ прегратки, спонтани комплименти и великодушни подароци. Овенот само треба да внимава да не се однесува грубо со лавот. Тој треба да запамети дека лавот сака себеси да се доживува како крал и сака да биде третиран како таков. Ова може да претставува прилично голем предизвик за овенот, бидејќи тој сака да е секогаш прв во сѐ.

За среќа, предлозите на лавот се најчесто интересни, така што на овенот нема да му претставува тешкотија да прифати да оди со него во ресторанот, во кино или на журката на која тој предложил да одат. Лавот обожава да посетува разни места со овој пријател, бидејќи овенот е еден од ретките хороскопски знаци кои можат да излезат на крај со неограничената енергија која ја има лавот.Овен и лав - пријателска комбинацијаОва пријателство со сигурност ќе зрачи со нежност и топлина. Ова е особено вистинито, бидејќи веселиот овен екстремно многу ја почитува големата страст за животот која ја поседува лавот. Храната има подобар вкус, шегите се посмешни и боите се поживописни кога овие двајца пријатели го поминуваат времето заедно.

На моменти на лавот ќе му смета бруталната искреност на овенот, а овенот пак нема да го поднесува „заобиколувањето“ на лавот од вистината. Исто така може да се појави борба помеѓу нивното его, со оглед на фактот дека двата знака се многу горделиви и самоуверени. Лавот сака да биде третиран како крал, а овенот сака да биде лидер во сите можни ситуации. Во секој случај, лавот и овенот ќе доживуваат многу забавни мигови заедно, така што не треба да дозволат нивните разлики да го поткопаат нивното пријателство. Тие имаат многу заеднички интереси кои вклучуваат играње тимски спортови како кошарка и фудбал, гледање филмови, слушање рок музика, автомобилизам и друго.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар