Овен и лав – љубовна комбинација

Сподели

Кога овен и лав се во љубовна врска, „летаат искри“. Двата знака се страсни, динамични, со здрав спортски дух и компетитивен карактер. Во оваа љубовна врска има многу акција. Двајцата партнери сакаат да се однесуваат шефовски во врската и можат да настанат конфликти кога нивните еднакво големи егоа ќе застанат на патот. Овенот и лавот меѓусебно искрено се почитуваат и обожаваат, но тие мора да научат да престанат да командуваат и да издаваат наредби, дури и во ситуациите кога треба да изберат филм во дивидитека. Ова партнерство е комплетно базирано на жестока страст, доминација и натпревар помеѓу партнерите кој да биде на врвот и кога.Овен и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат нетрпеливи и горди. Лавот сака да биде обожаван, да биде во центарот на вниманието и неговото его да биде негувано, услуги кои овенот, на кој лесно му досадува, може нема да сака да ги прави. На овенот исто така, може да му здодее од флертувачката природа на лавот, но нивната врска во секој случај е многу возбудлива.

Наспроти нивните разлики, овенот најчесто го доживува лавот како негов водич или советник. Лавот е кралот на животните, а овенот може да биде кроткото јагне. Исто како во митот „Лавот и јагнето“, сите разлики помеѓу овие два знака може да бидат надминати.

Овенот е предводен од планетата Марс (страст), а лавот од сонцето (его). Двајцата партнери се енергични и силни личности, кои можат меѓусебно да се разберат бидејќи имаат сличен темперамент. Лавот е егоистичен, а овенот е агресивно енергичен. Токму поради овие нивни карактеристики, партнерите заеднички креираат еден високо компатибилен и моќен тим.

Овенот и лавот се огнени знаци, поради што оваа врска има тенденција да биде многу „вжештена“ и страсна. Кога им е добро, им е супер, но кога им е лошо, сè се сведува на бучни кавги и повредени егоа. Во љубовните врски составени од партнери со хороскопски знаци овен и лав, секогаш постои борба помеѓу партнерите кој да биде шефот во врската, кој ќе ги диктира условите. Бидејќи во основата на љубовта не треба да лежи борбата за моќ. Натпреварувачкиот дух помеѓу нив, може да претставува голем проблем.

Двата знака располагаат со неограничено количество енергија, па не е ни чудно што секогаш се некаде во акција. И покрај тоа што тие можеби честопати нема да се согласуваат за многу работи, нивните разлики во размислувањето не траат долго. Тоа е така бидејќи овенот е премногу зафатен да држи лутина (го чекаат нови предизвици на патот). Лавот пак, мора да запамети дека не треба да биде гневен и огорчен, во моментите кога смета дека неговиот љубен овен не му покажува доволно респект, бидејќи тој го почитува многу повеќе отколку што тој мисли.

Овенот му помага на лавот да верува повеќе во себе, да презема иницијативи и да ги искористува шансите кои животот му ги дава. Од своја страна, лавот може да го научи овенот да се стабилизира и да ги остварува неговите планови еден по еден.

Овенот понекогаш може да ги повредува чувствата на лавот, со изговарање зборови кои болат, без претходно да ги обмисли. Од друга страна, овенот може да го иритира шефовската природа на лавот и неговото честопати намуртено лице.

Без разлика на нивните „жешки“ темпераменти, овенот и лавот доволно се сакаат, се грижат еден за друг и се меѓусебно лојални партнери, кои ако се потрудат повеќе, можат да сфатат дека не мора да постои шеф во нивната врска. Кога ќе ја научат оваа лекција, нивната љубов ќе биде возбудлива и блажена.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација овен-лав, е нивното обострано обожавање. Со иницијативноста на овенот да ги прифаќа предизвиците и послушноста на лавот да ги следи неговите идеи, тие ја држат во нивните раце главната алка за успешно љубовно партнерство. Нивната енергија и страст, ја прават оваа врска екстремно динамична.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. L Reply

    Нема подобра комбинација дефинитивно! :)

  2. feu Reply

    tolku tocno, no prekrasno!

  3. girl Reply

    oven sum, pa eve sea “brkam” eden lav, pa ke vidime sho kako ke bide hahahha :D

  4. oven Reply

    i ja sam oven eve brkam i ja edna lavica ama ke vidime dali ke ja fatim…..hahahahahah k.p

  5. Oven Reply

    A jas za zal se brkam samiot sebesi

  6. Biljana Reply

    Tocno, tocno,tocno… bez komenter !!!

  7. Grazia Reply

    opasna kombinacija! od iljadnici luge vo ista prostorija, lavot ke go prepoznae ovenot i obratno. STRAST, ogan, iskri na site strani, uste i ako se rodat emocii-e tuka nekoj ke izgori

  8. girl Reply

    oven i lav vistina e lubovna kombinacija bez komentar

  9. caci Reply

    jas lav…soprugot oven apsolutna vistina :))))))))))))

  10. Lav Reply

    so oven-ka sum xD
    i imate pravo za glupi stvari se nervira :P
    ali sho da prajsh zivot :D
    na kraj pak se sakame

  11. jarec Reply

    a sho mislite za jarec i oven ?

Остави коментар