Овен и близнаци – љубовна комбинација

Кога овен и близнаци се во љубовна врска, тие се поврзуваат на интелектуално и на телесно ниво. Овие партнери обожаваат физички активности и умеат да го задржат оптимистичкиот дух, дури и во потешките ситуации. Овенот и близнакот најчесто уживаат во нивната одлична комуникација и имаат длабоко разбирање еден за друг.Овен и близнаци – љубовна комбинацијаНезависниот, пионерски дух кој го има овенот му е привлечен на близнакот и тој смета дека многу е битно во љубовните врски да постои одреден степен на независност и самостојност кај секој од партнерите. Расправии и недоразбирања помеѓу овие партнери може да настанат, доколку на близнакот му засмета потребата на овенот да држи сè под контрола или ако овенот почне премногу сериозно да ја сфаќа флертувачката природа на близнакот.

Близнаците и овенот можат да креираат една навистина балансирана и хармонична љубовна врска. Овенот сака да искусува разни работи, а близнакот сака да дискутира за нив. Заеднички тие можат да дојдат до нови животни откритија, кои можеби ги пропуштиле во минатото додека сè уште не биле заедно. И двата знака располагаат со изобилство енергија во себе и тежнеат кон остварување на слични цели во животот.

Близнакот е комуникативен мудрец, кој високо ја цени слободата самостојно да одлучува и дејствува. Тој ги обожава оние нешта кои успеваат интелектуално да го стимулираат на добра дебата и најчесто умее да ги погледне ситуациите од сите перспективи и да извлече сопствен став за нив. Овенот пак, е многу трудољубива личност, која постојано сака да започнува да работи на некој нов проект, а близнакот во меѓувреме ќе се обидува да ги разбере причините поради кои неговиот љубен партнер ги избрал токму тие проекти.

Додека близнакот честопати знае да биде колеблив и нерешителен, овенот е едноставен, директен, искрен и одлучен. Овие два знака се одлична љубовна комбинација, но основно нешто за таа да функционира на долг рок, е овенот да му даде на близнакот доволно интелектуален простор.

Овенот е преводен од планетата Марс (страст), а близнаците од Меркур (комуникација). Поради нивните различни перспективи кон животот, овие два знака функционираат одлично во тандем. Тие имаат различна природа и нивните желби, интереси и цели се движат во спротивна насока, но дефинитивно се преклопуваат на половина пат.

„Жешките“ дебати кои имаат тенденција да постанат секојдневие во оваа љубовна врска, можат или да ја „зачинат“ нивната љубов или да ја убијат. Неопходно е овенот да сфати дека близнакот обожава добра, страсна дебата, не со цел да го навреди својот соговорник или да доминира врз него, туку за интелектуално да си го стимулира умот.

Близнакот му помага на овенот целосно да го искористи неговиот потенцијал, бидејќи тој дефинитивно има доволно енергија за да оди во чекор со брзиот овен и неговите откачени идеи. Комбинацијата од вистинска, водечка страст и интелектуална моќ, го прави и невозможното – возможно во оваа врска. Двајцата партнери имаат широк дијапазон на интереси, а најдобриот дел од нивната врска е крајот на долгиот и активен ден, кога овенот се враќа дома и му ги раскажува сите детали на љубопитниот и желен за разговор близнак.

Овенот секогаш иницира нови планови во врската како на пример, некое несекојдневно патување во странство, нивно заедничко зачленување во спортски клуб или навистина возбудлив предлог за состанок. Близнакот ќе се сложи на сите негови идеи, сè додека не е присилуван на ништо. Друга интересна движечка сила во оваа врска е ниското ниво на компетитивност меѓу партнерите. Овенот ја обожава славата и сака да биде во центарот на вниманието, а близнакот ќе биде сосема задоволен ако биде во позадина и ги „влече конците“.

Двата знака се многу подобри во започнување, отколку во завршување на работите, па така ако на некој од нив му здодее од правецот кој го зазема нивната врска, другиот нема да му пречи да сврти нова страница во љубовниот живот.

Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу овен и близнаци е нивната способност да функционираат како еден. Заедно тие имаат прилика да научат многу работи, кои не би ги сфатиле и искусиле самостојно.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Dermendzieva Reply

    Fantasticno <3

Остави коментар