Овен и бик – љубовна комбинација

Врската сочинета од партнери со хороскопски знаци овен и бик, претставува една љубовна и страсна унија. Балансот е клучот за успех на овие партнери, бидејќи тие во суштина многу различно функционираат. Овенот сака веднаш да почне да „работи на случајот“ кога станува збор за неговите планови и цели, додека бикот преферира сè да работи пополека. Оваа разлика може да создаде проблем помеѓу нив. Бикот сака да му се додворувате, да се обидувате да го придобиете неговото внимание и да бидете романтични со него – постапки кои му се сосема непознати на непосредниот, директен, наметлив и несуптилен овен.Овен и бик – љубовна комбинацијаЉубовната врска меѓу овие двајца партнери, може да биде едно големо искуство за нив, од кое и двајцата можат навистина да научат. Бикот може да му помогне на овенот да научи да ги контролира неговите непромислени и нерационални импулси, а тој од своја страна, може да го научи бикот да биде поспонтан и да почне да размислува со поавантуристички дух.

Бикот е сензуален, трпелив и нежен, а овенот ги обожава овие негови карактеристики. Овенот својот љубовник со хороскопски знак бик, го доживува како карпесто цврста, сосема стабилна и вечно лојална личност. Бикот пак во овенот гледа квалитет кој тој посакува и самиот да го поседува – чувството да знаеш кога да ја „грабнеш“ можноста која ти ја пружа животот. Кога меѓу овие два астролошки знака постои љубов, тие со сигурност можат да креираат урамнотежена врска.

Овенот може понекогаш да си поигрува со бикот, исмевајќи ја неговата мрзеливост и обидувајќи се да го натера да донесува избрзани одлуки, но бикот обично умее да го убеди овенот да го забави темпото.

Овенот внесува возбуда во врската, а бикот безбедност и романтика. Кога на овенот ќе му „проработат хормоните“ и ќе посака инстантно да го добие задоволството во кревет, бикот може да му покаже колку секси и сензуално, може да биде бавното и смислено движење.

Овенот е предводен од планетата Марс (страст), а бикот од Венера (љубов). Влијанијата на Венера и Марс добро се согласуваат, ширејќи истовремено мажествена и женствена енергија, а овие планети ги репрезентираат двете половини од една комплетна љубовна целина.

На овенот му е важно да има контрола врз сопствената судбина, а бикот сака да има безбеден и стабилен живот. Понекогаш бикот знае да постане посесивен, а тоа е нешто што независниот овен нема да го толерира. Ако овенот успее да го убеди бикот дека нивната врска е цврста и дека тој нема никогаш да го напушти, бикот ќе биде толерантен и флексибилен партнер и ќе му ја овозможи на овенот слободата и независноста која му е потребна.

Поради тврдоглавоста и упорноста на бикот, овенот нема да може да поставува сопствени правила во оваа врска, без разлика колку и да се труди. Напротив, овенот ќе може да добие многу повеќе од својот партнер со шарм, тактичност и префинетост (особини кои бикот ги обожава), отколку со расправии, бидејќи бикот никогаш не ја губи битката во нив. Двата знака сакаат да бидат лидери во врската, така што компромисот е основен за нивната хармонија.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација овен – бик е страсната природа на нивната врска. Нивното партнерство претставува одличен баланс на силна, мажествена енергија и нежна, женствена нота; одличен склоп од импулсивност и промисленост. Нивните спротивставени карактери и способноста да научат еден од друг, ја прават оваа врска задоволувачка за двајцата партнери, кои имаат многу да си понудат еден на друг.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Marina Reply

    Ке го објавите ли делот ,каква девојка бараат машките овни, многу ме интересира 😉

  2. Маја Reply

    Јас и дечко ми сме оваа комбинација. Се’, освен последните три пасуси, е обратно кај нас. Овде зборува шестгодишно искуство :)

    • Olivera Reply

      isto i kaj nas! se e obratno osven poslednite tri pasusi. :)

  3. katerina Reply

    jas i mojot maz sme ovaa kom jas bik on oven ova go dokazuva i toa sto idevme 11 god a sega sme vo brak so preslatko bebence i prekrasno funkcionirame so mnogu strast i ljubov.

  4. mimi Reply

    katastrofalna kombinacija

    • бланк Reply

      ти си катастрофа

Остави коментар