Омилените лаги на секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има некоја своја особина, „слабост“ за која не сака другите да знаат. А, кога ќе се најде во ситуација за можно разоткривање, се одлучува за лажење. Но, понекогаш е добро да се соочиме со самите себе и да ги признаеме своите слабости, бидејќи секој ги има и никој не смее да очекува од нас да бидеме совршени. Овенот често ќе излаже дека не е вознемирен и дека не се лути, Бикот дека не е љубоморен, а Рибите дека можат сами да ги пребродат работите. Сите ние сме луѓе од крв и месо и токму за овие работи нема потреба да лажеме, туку храбро и отворено да се соочиме со самите себе, да ги признаеме сите маани и несигурности и да се обидеме да ги решиме.

1-koja-e-vashata-omilena-laga-najgolemite-lagi-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

Овен: Смирен сум и не се лутам

Исклучително темпераментниот Овен многу лесно пламнува, но не сака другите да знаат дека понекогаш не може да го контролира чувството на лутење и вознемиреноста. Но, наместо да го крие тоа, би било подобро да поработи на контролирањето на сопствената темпераментност и малку да ја ублажи.

Бик: Не сум љубоморен

Бикот сака да остави впечаток на личност со голема самодоверба, па да признае дека е љубоморен за него е исто како да признае пораз. А, вистина е дека Бикот е прилично склон кон љубомора, но вешто ја сокрива. Кога искрено би признал дека е љубоморен, можеби полесно би се соочил со тоа чувство кое всушност не носи ништо добро, и на тој начин би бил помалку љубоморен на луѓето околу себе, а повеќе фокусиран на сопствениот живот и на пронаоѓањето на она поради кое нема воопшто да биде љубоморен на другите.

Близнаци: Јас не осудувам

Без разлика колку и да се обидуваме да бидеме слободоумни и отворени за различностите и разбирањето на поразличните од нас самите, секој понекогаш осудува. А, Близнаците едноставно не сакаат да признаат дека ги осудуваат другите иако често го прават тоа. Сакаат другите да ги доживуваат како личност со отворен ум, а свесни се дека склоноста за осудување на мааните е нешто на кои треба да поработат.

2-koja-e-vashata-omilena-laga-najgolemite-lagi-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

Рак: Добро сум

Никој не ги сокрива толку добро своите чувства како Ракот. Добро се познати приказните за овие животни кои со својот оклоп се штитат од повреди. А, всушност станува збор за најемотивниот знак во хороскопот кој лошите работи околу него силно го погодуваат, но попрво ќе излаже дека е добро, отколку да признае дека нешто го мачи. Немојте постојано да се сокривате зад својот оклоп, туку признајте дека не сте добро и дека добро би ви дошла нечија помош, па барем и мал разговор со пријателите.

Лав: Го преболев тоа

Гордоста на Лавот му е поважна од сѐ и многу тешко ќе признае дека некој или нешто го повредило. Ќе го држи тоа во себе, ќе стави насмевка на лицето, став полн со самодоверба и ќе ги излаже луѓето дека преболел. Воопшто не е свесен какво олеснување би почувствувал кога би ја кажал вистината и дека сепак уште не преболел. Не е слабост да се признае дека нечии постапки или зборови сѐ уште болат – тоа е човечки и покажува дека имате чувства.

Девица: Не сум под стрес

Најголемите перфекционисти во хороскопот, Девиците, сакаат секогаш сѐ да биде беспрекорно, совршено и „под конец“, а бидејќи нештата не излегуваат секогаш така, често се нервираат и се под стрес. Но, Девицата многу добро ќе глуми ладнокрвност и дека тоа воопшто не допира до неа. Обидете се да се опуштите и ќе сфатите дека не мора сѐ да биде совршено, всушност тоа и не може да биде! На тој начин нема потреба веќе да лажете дека не сте под стрес, туку навистина ќе се чувствувате така.

Depressed business woman

Вага: Јас не лажам

Да биде фатена во лага, за Вагата е нешто најстрашно во животот. Вагите сакаат другите да ги доживуваат како искрени и отворени личности, па лагата за нив е нешто потполно неприфатливо. Но, бидејќи на овој свет не постои човек кој не излажал, така не постои ниту Вага која не кажала ниту една лага. Прифатете ја таа вистина и нема повеќе да имате потреба да лажете дека не лажете.

Скорпија: Не сум опседната со тоа

Страсните Скорпии се славни по својата склоност кон опсесиите, но никако не сакаат другите да видат колку можат да бидат врзани за некој или за нешто. Но, под ладнокрвната надворешност всушност се кријат големи емоции какви што само Скорпиите може да почувствуваат. И тоа не е лошо. Нивната страсна предност ги прави најпосакувани љубовници и најхаризматичен знак во хороскопот.

Стрелец: Не ми е грижа

Стрелците се познати по својот оптимизам. Ретко кој знак од хороскопот се смее толку многу како Стрелецот, но секако дека и тие имаат лоши моменти и проблеми. Но, на нив најчесто ќе одмавнат со раката и ќе излажат дека не им е грижа. Како навистина ќе се чувствуваат длабоко во себе ќе знаат само тие. Понекогаш престанете да се смеете и признајте дека сепак ви е грижа и дека не ви е сеедно.

4-koja-e-vashata-omilena-laga-najgolemite-lagi-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

Јарец: Не ми е потребна помош

Јарците сакаат сѐ да поднесат стоечки и да покажат дека сѐ можат сами, односно дека не им е потребна туѓа помош. И навистина, Јарецот е исклучително снаодлив, жилав и способен, но дури и нему понекогаш му е потребна помош. Затоа кога вашиот пријател Јарец следен пат ќе ве излаже дека може сам, вие сепак пружете му рака и помогнете му.

Водолија: Не сум несигурна

Водолиите се славни по својата лежерност и опуштеност, па често изгледаат како со ништо да не се оптоваруваат. Но вистина е дека Водолијата честопати ги преиспитува сопствените одлуки и дека ѝ е важно што другите мислат за неа. Сепак, подобро ќе излаже дека не е несигурна во сопствените одлуки и постапки, отколку да ја покаже таа своја слабост. Меѓутоа, не е слабост да се признае дека понекогаш не сме сигурни во она што го мислиме и да ги прашаме другите за мислење.

Риби: Можам да го пребродам тоа без ничија помош

Кога ќе им се случи нешто лошо, чувствителните Риби ќе „отпливаат“ во самотијата за да се обидат сами да го решат она што ги мачи. И притоа ќе се лажат себеси дека можат сами да пребродат сè, задлабочени во сопствените мисли и контемплации. Но, на тој начин може уште повеќе да потонат на дното и да останат заробени во мракот. Дајте им до знаење дека не се сами и дека сакате да им помогнете.

Прочитајте и неколку брутално искрени факти за вашиот хороскопски знак.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар